
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски на секретарот на Општина Кавадарци Тодор Ефремов, му го додели решението за инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта.
Односно станува збор за приспособување на патната инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште на МВ место викано Шамаците – Општина Кавадарци.
Вкупната одобрена вредност изнесува 1.000.000денари.