
Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл. Весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и (Сл. Весник на РСМ“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7000/7 од 15.11.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.24/22), Извештаи за процена на недвижен имот бр.01-94, бр.01-95 и бр.01-96 од 28.10.2022 година изработени од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорѓи Џуровски ТП Ресен и заведени под бр.19-3043/23, бр.19-3043/25 и бр.19-3043/26 од 14.11.2022 година на Општина Кавадарци, Комисијата за недвижни и движни ствари на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 01/2023
за продажба на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7000/7 од 15.11.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.24/22).
2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА
Предмет на продажба се недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа: