Јавна презентација на планот за јавни набавки пред претставници на компании

Јавна презентација на планот за јавни набавки пред претставници на компании

Денеска во просториите на Локалната самоуправа градоначалникот Митко Јанчев и службите од секторот за јавни набавки, за првпат јавно го презентираа планот за јавни набавки пред претставници на компании. Целта на овој состанок беше транспарентност, отчетност и поголемо запознавање на компаниите заради подобар квалитет и конкурентност при јавните набавки, при што тој ја информираше јавноста дека за годинава се предвидени 92 постапки за јавни набавки.