Вести

All Blog Posts

Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Кавадарци

Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Кавадарци

Поголема мобилност и подобра социјализација во општествотоза неколку стотици лица со посебни потреби од Кавадарци ќе овозможи специјално тотранспортно возило што Дрекслмајер го донираше на општината.

Возилото е адаптирано со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и содржипотребен простор за превоз на опрема наменета за лица со посебни потреби. За неговото одржување ќе се грижи Општина Кавадарци, а со претходна најава ќе го става на располагање на здруженијата на лица со посебни потреби во градот, според нивните потреби.

На примопредавање на возилото беа присутни градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев  и претседателот на здружението за лица со посебни потреби Михајло Михајлов.

Генералниот директор на Дрекслмајер Лукас Мирингер им ги предаде клучевите од возилото  и истакна дека грижата за лица со попреченост е една од приоритетните активности во рамки на општествената одговорност на компанијата. „Со донација на ова специјално  транспортно возило и понатаму се подобруваат условите за живот на лицата со посебни потреби и сме чекор поблиску кон создавање на живот без бариери и за оваа ранливакатегорија на граѓани“, истакна Мирингер.

„Би сакал да се заблагодарам на компанијата Дрекслмајер за донираното возило кое ќе им служи на нашите сограѓани со различни видови на попреченост. Дрекслмајер до сега со многу реализирани проекти покажа голема општествена одговорност и грижа за заедницата. Се надевам дека и во иднина ќе имаме добра соработка“, рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Ова е трето возило од ваков тип што компанијата го донира за оваа ранлива категорија награѓани. Претходно и Здруженијата на лица со посебни потреби од Велес и Градско добија на подарок специјално транспортно возило од Дрекслмајер. Целта е зголемување на мобилноста и подобрување на процесот на социјализација и инклузија во општественото живеење.

 

Реконструкција на ул. Народна Младина

Реконструкција на ул. Народна Младина

Започна со реализација проектот за реконструкција на ул.Народна младина. Во првата фаза ќе се изврши гребење на стариот асфалт и поставување на рабници. Во наредна фаза ќе се изврши и асфалтирање на улицата и поплочување на тротоари. Овој проект опфаќа асфалтирање на ул.Егејска, ул.Бел Камен, ул.Индустриска и ул.Народна младина. Проектот е со вредност од 11 244 194 денари и целосно ќе се реализира до крајот на овој месец.

Реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“

Реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, деновиве го заврши проектот за реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“.

Според проектот реконструирана е внатрешноста на објектот за што општината одвои 700.000 денари. Реконструкцијата опфати замена на прозорците од западната страна, потоа на внатрешните врати, како и реконструкција на санитарниот јазол и просториите со тушеви за спортистите.

Овој е прв посериозен зафат на објектот кој беше изграден на почетокот од осумдесеттите години од минатиот век како соблекувална за потребите на неколку фудбалски екипи од градот кои се натпреваруваа во пониските лиги.

Минатата година со донација на Ротаракт клубот на млади ротаријанци од Кавадарци беше рекоснтруиран покривот како и прозорците.

Со неговата реконструкција општината дополнително ќе ги подобри инфраструктурните услови за спорт и рекреација на граѓаните.

Техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев во посета на Општина Кавадарци

Техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев во посета на Општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци беше техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев. Министерот откако беше на терен низ град Кавадарци , го посети и кабинетот на Градоначалник м-р Митко Јанчев. На средбата се разговараше за актуелните теми кои го засегаат граѓанското општество како и за состојбата во која се наоѓа Општина Кавадарци. Министерот се запозна и со реализираните проекти на општината кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните.

Асфалтирање на дел од Западен булевар

Асфалтирање на дел од Западен булевар

Со засилен интензитет се работи на проектот за изградба на Западен булевар спој со ул.Ресавска. Денес, ангажираната фирма, на еден дел од Западен булевар, врши асфалтирање со носечки слој со дебелина од 7 сантиметри на површина од 2500 метри квадратни. По завршувањето на оваа фаза , односно во недела , ќе се изврши и втората фаза од асфалтирањето, втор слој од АБ16 со дебелина од 5 сантиметри. Овој проект е веќе со години баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за Општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16 440 158 денари.