Вести

All Blog Posts

ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ЧЕТИРИ ОБЈЕКТИ НА ГРАДИНКАТА „РАДА ПОЦЕВА

ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ЧЕТИРИ ОБЈЕКТИ НА ГРАДИНКАТА „РАДА ПОЦЕВА

 

Општина Кавадарци деновиве реализира проект за подобрување на условите и нивото на безбедност на четири клона на градинката „Рада Поцева“.

Финансиската конструкција изнесува 2.148.949 денари и опфаќа: оградување, осветлување, настрешници и детски играчки. Со овој проект се опфатени објектите: „Гроздоберче“, „Детелинка“, „Снежана“ и Буба Мара.

Општината го реализира проектот преку договор за соработка со Програмата за развој на Обединентите Нации УНДП. Поддршката се однесува на зајакнување преку финансиска поддршка (мали грантови) за проиритетни мерки на општините.

Изведувач на работите е фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци.

Одбележана 107 годишнината од „Тиквеќкото востание“

Одбележана 107 годишнината од „Тиквеќкото востание“

Со букети свежо цвеќе, пред споменикот на жртвите во Паркот „Полана“ беше одбележана 107 годишнината од „Тиквеќкото востание“.
Тиквешкото востание е прво организирано вооружено востание на македонскиот народ по Илинденското кое, поради разни причини, било долго премолчувано и од историчарите.
Тиквешкото востание траело седум дена и толку траела слободата на Кавадарци и Неготино и повеќе села од тиквешкиот регион. Македонските востаници ги ослободиле градовите Кавадарци и Неготино, како и педесеттина села од тој крај.
Востанието било крваво задушено, загинале или биле убиени повеќе од 1.000 Македонци, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу 1.000 куќи и дуќани, пред се во Кавадарци и во Неготино.

 

Поставување на нова урбана опрема

Поставување на нова урбана опрема

Во тек е реализација на проект за поставување на нова урбана опрема. Ќе се постават 100 нови клупи и 100 нови канти за отпадоци. Проектот ќе се реализира на целата територија на Општина Кавадарци , на места на кои што има потреба од замена на старата урбана опрема и дополнување со нова.

Асфалтирање на улица „Браќа Миладинови“

Асфалтирање на улица „Браќа Миладинови“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на комуналниот проект за обновување на асфалтната подлога на дел од ул.„Браќа Миладинови“.
Денес се врши асфалтирање на оваа улица со претходна подготовка за асфалт.
Со овој проект општината ќе обнови коловозна површина од 1.250м2, на делницата од спојот со ул.„Киро Крстев“ до спојот со ул.„Методи Џунов-Џико“.

ЗАПОЧНА ОБНОВАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК

ЗАПОЧНА ОБНОВАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК

Општина Кавадарци денеска започна со реализација на проектот за реконструкција на Градскиот парк „Љупчо Шкартов“. Во наредните 3 месеци ангажираната оператива на „Градба промет“ и на ЈП „Комуналец“ ќе работат на обнова на фауната на паркот и изградба ба нови содржини.

Реконструкцијата на градскиот парк опфаќа отстранување на старите и оштетени дрва, како и сечење на диво изникнатите растенија. Ќе се изврши обнова на тревната површина на околу 5.000 метри квадратни. На нивно место ќе бидат засадени околу 1.200 нови садници на 40 видови дрва и грмушки.

Исто така со реконструкцијата ќе се постави систем за наводнување, како и дополнително јавно улично осветлување. Планирана е изградба на два видиковци, две нови патеки, како и други содржини.

Инвеститор на оваа прва голема обнова на паркот во последните 40 години е Општина Кавадарци.