Вести

All Blog Posts

ОДБЕЛЕЖАНИ 77 ГОДИНИ ОД СТРЕЛАЊЕТО  НА „12 ВАТАШКИ МЛАДИНЦИ“

ОДБЕЛЕЖАНИ 77 ГОДИНИ ОД СТРЕЛАЊЕТО НА „12 ВАТАШКИ МЛАДИНЦИ“

На Моклиште пред споменикот на достојно во сокгалсност со актуелната корона состојба, беше одбележана 77 годишнината од стрелањето на 12 Ваташки младинци.

Делегација од Општината, предводена од градоначалникот на општината м-р.Митко Јанчев и претедавачот на советот Ристо Сакалиев положи букет свежо цвеќе во знак на почит и спомен кон убиенитте деца. Букети свежо свеќе положиа и претставници на Здуженито на борци почитувачи на придобивките од НОБ на Кавадарци, потомци од фамилиите на стреланите, од МЗ Ваташа,  претставници на политичкиот живот, како и здруженија на граѓани.

„Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината”.

Овие зборови се напишани на споменикот кои сведочат за еден крвав злочин извршен од страна на бугарскиот фашистички окупатор  кога на 16 јуни 1943 година во месноста „Дулово долче” изврши едно од најголемите злосторства во текот на Втората светска војна во Македонија. На тој ден беа стрелани 12 младинци од Ваташа на возраст од 15 до 28 години, а потоа нивните тела на најѕверски начин се масакрирани.

На патот од кој никогаш нема да се вратат заминуваат: Перо Видов – 15 г.,  Ванчо Гурев – 19 г.,  Данко Дафков – 18 г.,  Илија Димов – 18 г.,  Ристо Ѓондев – 18 г.,  Блаже Ицев – 20 г.,  Герасим Матаков – 18 г.,  Пане Мешков – 18 г.,  Ферчо Поп Ѓорѓиев – 26 г.,  Васил Хаџи Јорданов – 28 г., Диме Чекоров – 20 г. и  Пане Џунов – 18 г.

Со нив се спроведени и четирите младинки од селото: Невена Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Ката Ицева и Павлина Касапинова, оставени живи да сведочат за масакрот. 

 

 Денес, 77 години по овој крвав настан сите слободољубиви луѓе, сите кои што ја ценат и почитуваат слободата на својот народ многу добро знаат дека сето она што го направија младинците од Ваташа е дело достојно за почит и восхит. Секогаш ќе остане да се памети и почитува од сегашните и идни генерации, затоа што нема ништо посвето од слободата на својата татковина и слободата на својот народ.  

Песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од  Лазар Манчевски и „Цветови” од Славко Јаневски, секогаш ќе не потсетуваат на една младост, на 12-те скоевци.

Вечна им слава !

ВИНСКАТА КУЌА ВО 2 ФАЗА НА ИЗГРАДБА – ЗАПОЧНУВА СО ГРАДБА НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ НА “ЛУДА МАРА„

ВИНСКАТА КУЌА ВО 2 ФАЗА НА ИЗГРАДБА – ЗАПОЧНУВА СО ГРАДБА НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ НА “ЛУДА МАРА„

Кавадарци ќе добие вински музеј. Денеска градоначалникот Митко Јанчев со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и в.д директорот на Вардарски плански регион Игор Андреев, извршија увид во градежните работи на поранешната винска куќа, која до 7 септември годинава ќе стане вински музеј. Исто така од денеска се започнува со доградба на уште 700 метри на кејот, од мостот „Слога“ до Ваташа…

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци денеска изврши асфалтирање на улицата „Јованче Велков“ во должина од 400 метри. Улицате е лоцирана на десната страна од „Кавадаречки дол“  до спојот со улицата „Праведничка“.      Претходно на оваа делница се изврши проширување, порамнување, поставување на рабници и тампонирање.

Општината Кавадарци го реализира овој проект во склоп на Програмата за комунална изградба, финансиран со пари од општинскиот буџет.

Изградбата на улицата е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

НОВА ДЕЛНИЦА ОД ЛИНИЈА ЗА АТМОСФЕРСКА  КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА „ПИОНЕРСКА“

НОВА ДЕЛНИЦА ОД ЛИНИЈА ЗА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА „ПИОНЕРСКА“

Согласно програмата за интервенции во уличната инфраструктура, општината деновиве го релизира проектот за доградба на линијата од атмосферската канализација на улицата „Илинденска“.

Ангажираната оператива на фирмата „Афердита“ од Кичево ги изведува градежните работ на ископ и поставување на цевки со профил Фи 315, како и шахти. Новата линија е во должина од 180 метри.

Со нејзината реализација ќе се подобри зафаќањето и одводнувањето на атмосферските води на овој дел од улицата.

ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ НА ПЕТ ЗГРАДИ НА ГЛАВНИТЕ УЛИЦИ

ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ НА ПЕТ ЗГРАДИ НА ГЛАВНИТЕ УЛИЦИ

Општината Кавадарци продолжува со реализација на успешниот проект за обнова на фасадите на зградите во строгиот цеднтар на градот.

Од вчера градежната оператива на фирмата „Метал Апостолов“ започна со обновување на фасадата на зградата после „старата автобуска“ на улицата „Илинденска“. Ова е првата од вкупно петте згради на кои ќе се изврши фарбање и обновување на сачокот и олуците. Четири згради се на „Илинденска“ а една зграда е на улицата „Цано Поп-Ристов“ на северниот влез од Градскиот зелен пазар.

За оваа намена општината од буџетот одвои нашто над четири милиони денари.

Да потсетиме дека во првата фаз општината обнови фасади на тринаесет колективни станбени објекти, лоцирани покрај централните градски улици.