Вести

All Blog Posts

СЕ НАДЗИРААТ КОНТУРИТЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

СЕ НАДЗИРААТ КОНТУРИТЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

Продолжува изградбата на велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклишка воденица. Во оваа фаза од изградбата Општина Кавадарци преку ангажираната оператива поставуваше дел од нисконапонскиот кабел за јавното улично осветлување. Според проектот долж патеката лоцирана непосредно до двата брега од реката Луда Мара. Патеката ќе биде осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри..

Рекреативната патека ќе биде со широчина од 4 метри покриена со бехатон коцки. Ќе се изградат и 4 метални мостови, а долж трасата ќе се постават и камери за видео надзор.

Согласно проектот ќе се изградат и 5 попатни станици-одморалишта на локации кои ќе бидат урбанизирани и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди.

Инвеститори на овој капитален проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.

План за управување со животна средина и социјални аспекти Општина Кавадарци „ПУЖССА“ за проект за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и “Илинденска”

План за управување со животна средина и социјални аспекти Општина Кавадарци „ПУЖССА“ за проект за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и “Илинденска”

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кавадарци аплицираше со проект за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и “Илинденска” во град Кавадарци – Општина Кавадарци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/) на 15 мај 2020 (петок).

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Проект за поврзување на локални патишта-мк

Проект за поврзување на локални патишта-en

Образец за доставување коментари

ПОТЕЧЕ ВОДА ОД СЕЛСКАТА ЧЕШМА ВО МАРЕНА

ПОТЕЧЕ ВОДА ОД СЕЛСКАТА ЧЕШМА ВО МАРЕНА

Општина Кавадарци успешно реализираше уште едно барање на граѓаните. Денеска екипа на ЈП „Комуналец“ од РЕ „Водовод и канализација“ го стави во функција приклучокот на водоводната линија преку кој после многу долго време протече здрава вода за пиење од старата селска чешма во Марена. Општината со овој проект ја „оживеа“ чешма историски паметник за чиа старост нема официјални податоци, но постарите жители од Марена ја знаат како чешма од памтивек. За староста на чешмата сведочат и двете антички мермерни стели од локацијата на античката населба „Градиште“-Глишчки рид, вградени во архитектурата на чешмата.

 Проектот се реализираше на барање на жителите од селото. Во наредниот период општината ќе инвестира и во новото партерно и хортикултурно уредување на чешмата.

НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО  УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА 17 ЛОКАЦИИ

НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА 17 ЛОКАЦИИ

53 милиони денари општината Кавадарци инвестира во капиталниот проект за подобрување на јавното улично осветлување.

Деновиве преку оперативата на ангажираната фирма се поставува нова нисконапонска линија на улицата „Пионерска“, каде се вриши вкопување на мрежата од јавното улично осветлување.

Ова е само една од проектираните 17 локации во градот каде ќе се интервенира во подобрување на нисконапонската мрежа и сите останати елементи од уличното осветлување.

Според проектот на сите 17 локации општината ќе постави вкупно 420 метални столбови со висина од 4 до 10 метри, како и штедливи ЛЕД светилки со различна јачина, меѓу 60 и 80 вати во зависност од потребите. Во новата мрежа ќе се вградат 12 000 метри нисконапонски кабел кој ќе биде вкопан во земја. Освен ова предвидена е и реконструкција на 800 постојни светилки.

Крајната цел на општината, преку овој капитален проект е да се формира и центар за мониторинг и управување со Јавното улично осветлување.

Воедно на кабелските оператори, И на ЕВН, им овозможува во рововите да постават нивни инсталации, со цел градските улици да бидат ослободени од воздушните водови и старите дрвени бандери.

ПРОШИРУВАЊЕ НА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО  УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ПРОШИРУВАЊЕ НА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општината Кавадарци е во фаза на реализација на проект за подобрување на јавното улично осветлување.

Деновиве преку оперативата на ангажираната електро фирма се поставуваат нови нисконапонски линии за 120 метални канделабри. Канделабрите ќе бидат распоредени на 15 различни локации во градот, како надополнување на постојното улично осветлување.

На столбовите кој се со висина од 4 метри ќе се постават и еколошки штедливи ЛЕД светилки со јачина од 40 вати. Во склоп на проектот општината ќе вгради и нови 3000 метри нисконапонски кабел за напојување на новите канделабри.