Вести

All Blog Posts

РАСЧИСТУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА „ЛУДА МАРА“ КАЈ СПОМЕНИКОТ „12 МЛАДИНЦИ“

РАСЧИСТУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА „ЛУДА МАРА“ КАЈ СПОМЕНИКОТ „12 МЛАДИНЦИ“

Општина Кавадарци преку донација, во соработка со неколку општествено одговорни фирми реализира проект за расчистување на дел од регулираното корито на реката Луда Мара кај спомен паркот „12 Ваташки младинци“.

Ангажираната градежна механизација работи на расчистување на коритото од речен нанос и диво обрасната вегетација. Со овој проект се опфатени 900 метри од регулираното корито на реката каде има постојна шкарпа како и повеќе каскади изградени во шеесеттите години од минатиот век.

Овој зафат што го превзема општината има за цел расчистување и разубавување на тој дел од спомен паркот „12 Ваташки младинци“, воедно е продолжение на активностите на општината од минатите две години, во делот на екологијата и хортикултурното уредување на најзначајниот историски паметник во општината.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО с.СОПОТ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО с.СОПОТ

Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот комунален проект во селото Сопот за реконструкција на старат водоводна линија.

Ангажираната оператива на фирмата „ВОД-ВАР“ Инженеринг од Скопје работи на  поставување на комплетно нова мрежа по главниот вод на улицата „Илинденска“ како и на краците од сите останати селски улици.

Паралелно се поставува и атмосферска канализација за зафаќање на атмосферската вода  од улиците: „Илинденска“, „Коле Василев“ и ул. „Маршал Тито“.

Станува збор за проект вреден 16.914.631 денари, пари кои се наменети за подобрување на подземната инфраструктура во оваа интензивна рурална средина.

Овој значаен и сериозен комунален проект општината го реализира на барање на жителите од селото Сопот.

ИНТЕРВЕНЦИИ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО АТАРОТ НА СЕЛО БРУШАНИ

ИНТЕРВЕНЦИИ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО АТАРОТ НА СЕЛО БРУШАНИ

Нови 30 дрвени бандери, 5.000 метри нисконапонски кабел и 95 комплети арматура-вандерма со вклучена ЛЕД светилка од 30 вати се вградни во мрежата на јавното осветлување во атарот на селото Брушани.

Согласно проектот Општината Кавадарци на локација во „Брушанскиот залив“ спроведе нова линија во туристичката населба „Брушани“, како и подобрување на постојната мрежа од јавното осветлување во селото Брушани.

Со овој проект општината вложи еден милион денари во сериозно подобрување на инфраструктурата на јавното улично осветлување на дел од брегот на вештачкото езеро „Тиквеш“ каде има поголема концентрација на викенд куќи.

ДОГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“

ДОГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“

Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци работи на продолжување на постојната канализациона линија во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги изведува градежните работи на прокоп и поставување на цевки и шахти од новата делница на улицата „Дисанска“ која води до спомен костурницата.

Во оваа фаза ќе се постави нова линија во должина од 300 метри.
Изведувач на работите е фирмата „Премиум билдинг“ од Скопје. За оваа намена општината ќе потроши 547.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот на општината програма за комунална изградба.

Во наредната фаза ќе следи проширување и пробивање на улица со тампонирање.

 

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СОБЛЕКУВАЛНИТЕ  НА СРЦ „ЈАСМИН“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СОБЛЕКУВАЛНИТЕ НА СРЦ „ЈАСМИН“

 

Продолжува реконструкцијата на објектот „соблекувална“ на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“. Ангажираната оператива деновиве извршува молерски работи во ентериерот, а ќе заврши со поставувањето на бетонскиот под до крајот на неделава.

Според проектот општината реализира реконструкција на внатрешноста на објектот со замена на прозорците од западната страна, потоа на внатрешните врати, како и реконструкција на санитарниот јазол и просториите со тушеви за спортистите.

Овој е прв посериозен зафат на објектот кој беше изграден на почетокот од осумдесеттите години од минатиот.

Минатата година со донација на „Ротаракт“ клубот на млади ротаријанци од Кавадарци беше рекоснтруиран покривот како и прозорците.

Со новата реконструкција општината дополнително ќе ги подобри инфраструктурните услови за спорт и рекреација на граѓаните на СЦ „Јасмин“.