Вести

All Blog Posts

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПОДЗЕМНАТА ИНФРАТРУКТУРА НА ул. „ШИШКА“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПОДЗЕМНАТА ИНФРАТРУКТУРА НА ул. „ШИШКА“

 

 

Општината Кавадарци во рамките на проектот за пропирување на улицата „Шишка“ работи на реконструкција на дел од водоводната и канализационата мрежа на локацијата кај влезот во Глишиќ.

Оперативата на ангажираната фирма „АС машини“ и на ЈП „Комуналец“ на теренот изведуваат градежни работи за замена на дел од старат водоводна и канализациона линија со што ги подобруваат перформансите на овој дел од градската мрежа.

Општината ги превзама овие активност пред гавната кампања за проширување и целосна реконструкција на улицата „Шишка“.

ПРОБИВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“  ПОД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

ПРОБИВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ ПОД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

 

 

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ работи на поставување на целосно нова линија од градската водоводна и канализациона мрежа на локацијата од улицата „Западен булевар“ под градските гробишта.

На овој простор Општина Кавадарци го реализира проектот за пробивање на нова траса од улицата во правец север-југ.

Овој капитален комунален проект има за цел да го продолжи „Западен булевар“ во правец на Ваташа, и кон стопанските капацитети во подкожувјето.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНА ЗОНА ОД ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНА ЗОНА ОД ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА

 

 

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ преку ангажираната оператива го приведуваат кон крај реализирањето на Проектот за реконструкција на средната зона од градската водоводна мрежа.

Досега се завршени 90% од работите на овој капитален комунален проект на општината.

Деновиве се врши асфалтирање на улицата 14 „Мај“ која е дел од трасата на која се изведуваа градежните работи.

Со средства од „КФВ“ банката на потегот од „Кавадаречки дол“ до „градскиот базен“ се изврши реконструкција на главната водоводна линија од „средна зона“ на вкупна должина од 1330 метри. Интервенции се извршија и на главната линија кон „Дрекслмајер“ и Росоман. На овој потег освен на главната, се интервенираше и на секундарната мрежа каде на повеќе улици беа заменети старите и дотраени цемент-азбесни цевки со нови еколошки на база метал и пластика. Општината реализираше и замена на дел од мрежата на фекалната канализација.

Овој капитален комунален проект има за цел значајно да го подобри водоснабдувањет, како и квалитетот на дистрибуираната санитарна вода до граѓаните. Воедно на минимум би се довела можноста од евентуални дефекти во мрежата.

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

 

 

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција и адаптација на влезот во градската библиотека „Феткин“.

Согласно проектот ќе се изврши дислокација на влезот со што постоечкиот од источната страна се затвара, а се отвара нов влез од северната страна. Тоа значи дека главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на овој објект.

Паралелно со дислокацијата на главниот влез се врши замена и на старите прозорци кои гравитираат на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло.

Со овој зафат за отстранување на пристапните скали, општината ќе обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, а со тоа и до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез во градскиот зелен пазар.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА број 1/2020 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци  ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА број 1/2020 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за УE ,,Рајко Жинзифов“ – Кавадарци 2001-2006,донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-921/6 од 18.07.2001 година, за изградба на објекти со намена А1 – индивидуално домување согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
2.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за локалитет ,,Г-2“ – Глишиќ, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-2334/18 од 31.10.2005 година, за изградба на објекти со намена -семејни куќи согласно Табеларен преглед 2 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
3.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено Измена и дополнување на ДУП за дел од УБ 22К-дел и 23К-дел Општина Кавадарци, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-1366/47 од 14.03.2019 година, за изградба на објекти со намена Г3 – сервиси ( со компатибилна класа на намена Б1-30%-мали комерцијални и деловни дејности, Б2-28%-големи трговски единици, Б4-10%-деловни простори, Д3-30%-спорт и рекреација, Г2-41,5%-лесна индустрија и Г4-41,5‘%стоваришта) согласно Табеларен преглед 3 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

ОБЈАВА број 1/2020