Вести

All Blog Posts

Записник од одржаниот 4ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци

Записник од одржаниот 4ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци

З А П И С Н И К

            Од одржаниот  4 –  ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување на кризи

На ден 25.03.2020 година

             На состанокот на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи одржан на ден 25.03.2020 година по согледување на состојбата со КОВИД 19 ,моменталната ситуација на територијата на Општина Кавадарци е следна:

        

  1. На трите влеза на град Кавадарци дезинфекцијата на моторните возила при влез во градот продолжува да се врши автоматски;

 

  1. Мој општинар и службите од Општина Кавадарци, во текот на денешниот ден ке извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени единици а истата оваа дезинфекција во текот на утрешниот ден ке се изврши и во сите јавни институции на територијата на Општина Кавадарци;

 

  1. По однос на јавниот превоз превозниците од Општинскиот линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии , со редуцирање на бројот на патници согласно препораките така што да има оддалеченост од најмалку 2 метри помеѓу патниците.

 

  1. ЈП Комуналец Кавадарци продолжува со редовно дезинфецирање на сообраќајниците во Општина Кавадарци;

 

  1. По однос на полицискиот час , во Општина Кавадарци воглавно се почитува со мали прекршувања;

 

  1. Во Општина Кавадарци нема нови лица позитивни на Ковид-19, и овие мерки кои што се досега превземени ке продолжат и во наредниот период од две недели .

      

 

                                                        Штаб за заштита и спасување на

                                                          Општина Кавадарци

                                                                       М-р Митко Јанчев

 

 

Дезинфекцијата на сите возила на трите влезови во Кавадарци

Дезинфекцијата на сите возила на трите влезови во Кавадарци

Започна дезинфекцијата на сите возила на трите влезови во Кавадарци. Се дезинфизираат возилата кои влегуваат и транзитираат од влезот на Западен булевар кај бензинската Макпетрол,  од влезот на Западен булевар кај капелата на градските гробишта и од влезот на населба Глишиќ. Дезинфекцијата на влезовите во градот е подобрена со тоа што се поставени дополнителни душеци со дезифициент.

Дезинфекција на сите станбени згради, заеднички простории и детските игралишта

Дезинфекција на сите станбени згради, заеднички простории и детските игралишта

Денес по задолжение дадено на состанок на Кризниот штабна Општона Кавадарци, службите на Мој Општинар, инспекциско одделение и други вработени од локалната самоуправа извршија дезинфекција на сите станбени згради, заеднички простории, скали и лифтови на територијата на Општина Кавадарци. Дезинфекција се изврши и на детските реквизити и урбаната опрема на парковите и детските игралишта.

Записник д одржаниот 3ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци

Записник д одржаниот 3ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци

З А П И С Н И К
Од одржаниот 3 – ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување на кризи на ден 21.03.2020 година

На состанокот на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување на кризи одржан на ден 21.03.2020 година по согледување на состојбата со КОВИД 19 се донесени следните :

З А К Л У Ч О Ц И

1. СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП “Комуналец“ Кавадарци да го затвори Градскиот пазар во период од 14 дена почнувајки од денес;
2. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Мој општинар и службите од Општина Кавадарци, во текот на денешниот и утрешниот ден да извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени ;
3. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Такси компаниите на кои што им е издадена лиценца за вршење на такси превоз од Општина Кавадарци, да продолжат со работа со минумум 50% од капацитетот за кои што имаат добиено лиценца, дневно да вршат дезинфекција на колите а патниците – корисници на превозот задолжително да носат средства за самозаштита;
4. СЕ ЗАДОЛЖУВАТ превозниците од Општинскиот линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии , со редуцирање на бројот на патници согласно препораките така што да има оддалеченост од најмалку 1 метар помеѓу патниците.

СО ОБНОВУВА ЈУЖНАТА ФАСАДА  НА ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТ

СО ОБНОВУВА ЈУЖНАТА ФАСАДА НА ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТ

 

 

Деновиве започнаа градежните работи за обнова на задната фасада на зградата на Општина Кавадарци. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, како и крпење и фарбање на фасадата.

Општината овој проект започна да го реализира минатото лето, а во моментот се работи на последнат тринаесетта фасада. Со обновувањето на задната-јужна фасада на зградата каде се наоѓа седиштето на Локалната самоуправа, општината Кавадарци заокружува капитален проект во кој инвестира 5.361.793 денари од буџетот.

Со овој прокет општината обнови 13 фасади на колективни станбени згради, како и на објекти каде се сместени институции од јавен карактер.

Целта е остварена, обновените фасади го променија на подобро визуелниот изглед на централното градско подрачје, а станарите, корисниците на објектите како и граѓаните добиа побезбедни и поубави фасади.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.