Вести

All Blog Posts

Извадок од нацрт записникот од Петнаесеттата седница на Владата на Р.С. Македонија

Извадок од нацрт записникот од Петнаесеттата седница на Владата на Р.С. Македонија

Записник од Четврттата седница на Управувачкиот комитет за кординација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 10 март 2020 година, со Записник од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болсета COVID-19 (Корона вирус).

 

Целосниот записни можете да го превземете на следниот линк:  ППДР-1

Со грант од Кралството Норвешка СОЗШУ „Ѓорче Петров“ стана енергетски-ефикасно

Со грант од Кралството Норвешка СОЗШУ „Ѓорче Петров“ стана енергетски-ефикасно

Со извршените градежни работи на фасада и покривот значително се подобри енергетската ефикасност на учичиштето изградено во 1956 година, а 250 ученици добија подобри услови за настава.

На училишната зграда инсталирани се 1200 м2 термо-изолациона фасада и се изврши промена на 1500 м2 азбестен кров. Градежните работи се изведуваа во изминативе четири месеци.

 Денес училиштето го посетија амбасадорот Јерн Јелста и градоначалникот Митко Јанчев.

СВЕТЛЕЧКИ ТАБЛИ НА ПЕТ КРУЖНИ ТЕКОВИ

СВЕТЛЕЧКИ ТАБЛИ НА ПЕТ КРУЖНИ ТЕКОВИ

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „БОЈТА инг“ од Скопје, денеска на кружните текови поставува 24 светлечки табли со соларни панели.

 Се работи за сообраќајни знаци од вертикалната патна сигнализација со кои значително ќе се подобри регулацијата на движењето на пет кружни текови во градот.

Најмногу знаци осум ќе се постават на кружниот тек кај зградата на Граничната полиција. По четири знака ќе се постават на кружните текови кај автобуската станица, кај Винсрска визба „Тиквеш“, потоа на кружниот тек кај училиштето „Гоце Делчев“ и на локацијата кај зградите „Белка“

Во оваа фаза од проектот се поставуваат и 159 знаци и 200 столбови како дел од вертикалната патна сигнализација на повеже улици во градот.

Одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на град Кавадарци

Одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на град Кавадарци

Советот на Општина Кавадарци донесе Одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на град Кавадарци.
Во зоната на централното градско подрачје и во зоната до и од Градски зелен пазар, возилата можат да вршат запирање и паркирање поради доставување на стока секој ден во временски период од 04:00 – 08:00 часот и од 17:00 – 19:00 часот.
Зоната во централно градско подрачје е дефинирана со следните улици:
-ул.Мито Хаџи Василев Јасмин
-ул.Пано Мударов
-ул.Тиквешко Востание
-ул.Илинденска
Зоната до и од Градски зелен пазар е дефинирана со следните улици:
-ул.7-ми Септември до ДТВ Партизан
-ул.Цано Поп Ристов
-ул.Зелен Пазар.

Општината апелира до доставувачите да се почитува новиот временски режим преку кој ќе имаат бенефит сите жители на Општина Кавадарци.

Со почит,
Кабинет на Градоначалник

НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 7 УЛИЦИ И СИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 7 УЛИЦИ И СИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

Општината Кавадарци започна со поставување на нови сообраќајни знаци како дел од проектот за решавање на сообраќајот за еднонасочно движење на седум улици во градот.

Во оваа фаза од проектот ќе се постават 159 знаци и 200 столбови како дел од вертикалната патна сигнализација.

Паралелно со ова општината прку ангажираната оператива на специјализираната фирма „БОЈТА инг“ од Скопје поставува и 24 светлечки табли со панели за регулација на движењето на сите кружни текови во градот.