Вести

All Blog Posts

ДОДЕЛЕНИ 10 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“

ДОДЕЛЕНИ 10 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“

Фондацијата „Никола Јанчев“ од Кавадарци додели десет стипендии на талентирани студенти од Кавадарци. 

На јавниот повик учествуваа 45 апликанти со одлични постигнати резултати во нивното образование. Предност имаа студенти кои потекнуваат од фамилии со ниски примања, студенти без родители и студенти од социјално ранливи семејства. Висината на поединечниот месечената стипендија изнесува 8000 денари бруто по стипендист. Секој студент девет месеци ќе добива по 8.000 денари месечно.

Најголем дел од средствата што ги добиа 10те избрани кандидати се од платата на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој несебично ја донира за помош на младите на кои таа им е потребна. Свои средства во фондацијата донира и компанијата „Кожувчанка“.

Loading
ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВТОРАТА МАКЕДОНСКАУДАРНА БРИГАДА

ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВТОРАТА МАКЕДОНСКАУДАРНА БРИГАДА

Со положување свежо цвеќе пред бистата на првиот командант Диме Туриманџов, во Кавадарци се одбележа 76 годишнината од формирањето на Втората Македонска ударна бригада.

Букети свежо цвеќе положија делегации на Здружението на борците и почитувачите на придобивките од НОБ на Кавадарци и Неготино, делегација од Општина Кавадарци и членови на семејството Туриманџов.

Пред бистата за борбениот пат на бригадата говореше историчарот Петре Камчевски кој истакна: „На 20 декември 1943 год. со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во с. Фуштани Ег. Македонија од баталјоните „Страшо Пинџур“, „Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант бил избран Диме Туриманџовски-Горски, зам. командант Лазар Калајџијски-Добри, полит. комесар Трифун Трифунов-Балкански и за. Полит. комесар Мито Хаџи Василев-Јасмин.             За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда. Бригадата во состав на Првата македонска дивизија учествува во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија“.

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРЕВА  НА ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРЕВА НА ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, во придружба на директроа на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и претседателот на управата на ГФК „Тиквеш“ Миле Масларков го најавија почетокот на гардежните работи на „Градскиот стадион“ во градскиот парк „Љупчо Шкартов”.
Во наредните два месеца ќе се изведуваат градежни работи на фудбалскиот терен. Според проектот најпрвин ќе биде целосно отстранета сегашната трева, а подлогата под неа ќе се подготви за поставување на нови бусени трева. Теренот ќе биде соодветно и дрениран со ефикасен систем за одводнување. Градкиот фудбалски стадион освен промената на сегашната подлога со нова трева, ќе добие и современо осветлување за одигрување на ноќни натпревари.
Сегашната трева на теренот, беше поставена летото 1968 година пред стартот на првенството во Втората сојузна фубалска лига- група исток Каде Тиквеш за прв пат се натпреваруваше во сезоната 1968/1969 година, откако претходно убедливо беше шампон на Маедонската фудбалска лига во сезоната 1966/1967 година.

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ  ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ

 

 

Со санација на надворешниот изглед на зградата број 2 на улицата „Браќа Хаџи-Тефови“ продолжува проектот за обновување на фасадите на зградите во централното градско подрачје.

Ова е деветта зграда по ред, на која Општината преку оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ врши фарбање на фасадата, обнова на сачокот и на олуците.

Општината преку реализација на овој проект постигнува две главни цели: поголема безбедност за граѓаните со отстранување на опасноста од евентуална повреда од откинати делови на руинирана фасади, како и подобрување на есетиката на зградите и подобрување на изгледот на централното градско подрачје.

Општината проектот го реализира согласно прогамата за обновување на дотраените фасади на зградите во центарот на градот,  

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА  „ЌИРО АРСОВ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ поставува павер елементи на новиот тротоар на улицата „Ќиро Арсов“ во Ваташа. Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа, а во рамките на програмата за комунална изградба, финансирана од општинскиот буџет.
Според проектот бехатон коцки ќе се постават на површина од 300 метри квадратни. Претходно на таа површина се изврши копање, порамнување и поставување на тампон.