Вести

All Blog Posts

ОТВОРЕНА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА  ВО ВОЗАРЦИ

ОТВОРЕНА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВОЗАРЦИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р. Митко Јанчев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во селото Возарци ја отворија првата детска градинка.

Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата е двонаменски. Новата градинка во Возарци има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.

Во обраќањето пред присутните градоначалникот Јанчев рече: „Денеска, го предаваме во употреба објектот „Ѕвончица“ во с.Возарци со капацитет за сместување на над 20 дечиња. Возарци е село во кое, поради добрата местоположба и близината до градското подрачје, младите остануваат со своите семејства и детската градинка беше неопходна во една ваква средина“.

На отворањето на објектот присуствуваа жители од Возарци, како и претставници на Советот на општината и претседателот Ристо Сакалиев.

Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Со неговата изградба и предавање во функција општината обезбеди подобри услови за граѓаните во делот на предшкослата возраст како и во примарното здравство. А проектот ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина.

 

20 000 САДНИЦИ ЧЕМПРЕС ЗАСАДЕНИ НА ГОЛИНИТЕ НА „ЖУРОВ ДОЛ“

20 000 САДНИЦИ ЧЕМПРЕС ЗАСАДЕНИ НА ГОЛИНИТЕ НА „ЖУРОВ ДОЛ“

Општината Кавадарци и ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ денеска ја завршиа есенската акција за пошумување 2019 година. Според акциониот план се пошумуваше на локалитетот „Журов дол“ над селото Ваташа, каде беа посадени нови 15.000 садници на чемпрес паперпод.

Ова е четврта акција за пошумување на голините на поројницата. Во акцијата учествуваа: вработените од Општина Кавадарци, вработени во подружницата „Бор“ Кавадарци, ЈП „Комуналец“, и од компанијата „Кожувчанка“.

Оваа акција беше продолжување на претходните со која беа пополнети позициите на исушените багремови садници, а паралелно се пошумиа нови 10 хектари ерозивна почва.

СЕ ГРАДИ СКЕЈТ ПАРКОТ НА СПОРТСКИОТ ЦАНТАР „ЈАСМИН“

СЕ ГРАДИ СКЕЈТ ПАРКОТ НА СПОРТСКИОТ ЦАНТАР „ЈАСМИН“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива го реализира проектот за изградба на „Скејт парк“.

Согласно проектот во оваа фаза се копаат стопитe за заштитната ограда, а веќе е поставена подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување.

На површина од  770  квадратни метри, се гради плато за рекреација и забава на младите „скејтери“. Скејт паркот ќа располага со 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).

Од реквизитите ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile).

Општината ќе постави и урбана опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.

 

НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Општината Кавадарци преку Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ деновиве работи на поставување на нова водоводна линија долж „Северен булевар“.

Станува збор за проширување на градската водоводна мрежа во долж „Северен булчевар“на потегот од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до спојот цо Булеварот “Никола Минчев“. Комуналци овде поставија ПВЦ црево со профил фи 63. Преку оваа линија со градската водоводна мрежа ќе се поврзат објектите од индустриската зона покрај обиколницата.

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ МАКРАДУЛИ

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ МАКРАДУЛИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев денеска оствари работна средба со Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. На средбата се разговараше за поддршката што општина Кавадарци ја доби од програмата на МЖСПП за намалување на загадувањето, како и за промена на стари  врати и прозорци со енергетски ефикасни во објекти на дел од  централните и подрачните училишта.

На средбата во кабинетото на Јанчев се разговараше за проектите кои се во фаза на реализација. Во изјава за јавноста градоначалникот Јанчев ги посочи проектите во општината при што истакна: „Согласно првиот Јавен повик за реализацја на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година и намалување на високите концентрации на ПМ 10 и ПМ2.5 со замена на опрема/нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта во најзагадените градови во Македонија. Врз оваа основа на општина Кавадарци и беа доделени финансиски средства во висина од 5.195.420 денари за набавка на опрема за греење со еколошки системи наменета за основните училишта. Согласно пак Вториот Јавен повик за намалување на аерозагадувањето-енергетска ефикасност, ни беа доделени финансиски средства во видина од 1.804.589 денари кои се наменети за промена на надворешни врати и прозорци во основните училишта и тоа за следните објекти: ООУ ,,Тошко Велков Пепето-с.Дреново”, СОУ ,,Ќиро Спанџов-Брко”. Ученички дом с.Дреново, како и во ПОУ с.Возарци и с.Дреново“.

Градоначалникот Јанчев ги презентираше и податоците за изградба на Колекторскиот систем кој што е во должина од 4453 метри е изграден во Кавадарци па се до село

Марена со финансиски средства од Министерството з

а животна средина, ИПА програмата на Европската унија и со општинско кофинансирање.

Во 2019 година, Доделени се финансиски средства во висина од 5.000.000 денари oд страна на Министерството за животна средина а 10.524.000 денари се општинско учество.

Јанчев и Макрадули се сретнаа и со претставници на општинските еколошки организации, како и со дел од советниците во општинскиот совет Кавадарци со кои разговараа на еколошки теми.

Посетата се искористи и за увид во работите на објектот на училиштето „Габерот“ Кавадарци, каде со републички средства се врши промена на системите за затоплување со еколошки грејни тела, потоа на објектото „ООУ „Пепето“  каде се врши промена на столарија со ПВЦ прозорци, како и на изградбата на колекторскиот систем во селото Марена.