Вести

All Blog Posts

Final Report for SOLID project

Final Report for SOLID project

Dear Partners,

In the process of validating our Final Report for SOLID, we were reminded to ask all the project partners to publish exactly this framework information on their official websiteshttps://docs.google.com/document/d/104BsElzSIC2iL7Xvia_eh2jPSd1x5XRgYuAbRN8lsWs/edit 

It has to contain the info about Europe for Citizens as the ”sponsor”. You may also use the photo attached.

We need it done as soon as soon as possible, and we know that not everyone will be able to do it right away – thank you VERY MUCH to those who can! Once published, please send me a link so we can share it with the Commission.

 

 

ЈАВНАТА АДМИНИСТАРЦИЈА ОД КАВАДАРЦИ ДЕЛ ОД ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА „НЕ БИДИ ЃУБРЕ“

ЈАВНАТА АДМИНИСТАРЦИЈА ОД КАВАДАРЦИ ДЕЛ ОД ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА „НЕ БИДИ ЃУБРЕ“

Над стотини вработени во јавната администрација од Кавадарци денеска беа дел од републичкта еколошка акција на Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ што ја покрена актерката Ирена Ристиќ.

Кавадаречките административци денеска  наместо да одат на работа, во периодот од 12 до 15 часот помогнаа да се исчистат барем некои од загадените локации низ градот. Тие чистеа на вкупно 29 локации низ Кавадарци и Моклиште.

Градоначалниукот Митко Јанчев најави дека во иднина ова ќе биде традиционална акција како дел од мотото „За чисто Кавадарци“. „На овој начин вработените од локалната самоуправа и државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, а ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата“. – најави градоначалникот Јанчев.

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска асфалтираше дел од улицата „Доне Попов“. Се асфалтираше новопробиениот коловоз, на вкупна површина од 660 квадратни метри.

Согласно проектот претходно на локацијата се поставуваа рабници во вкупна должина од 240 метри, со што се оформи улица на која се постави  и тампон.

Општината овој проект го реализира на барање на граѓаните од населбата „Голи оток“. Проектот е согласно програмата за комунална изградба, финансирана од општинскиот буџет.

Loading
ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“

ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“

Општина Кавадарци во склоп на програмата за комунална изградба започна со реализација на нов комунален проект во Ваташа. Оперативата на фирмата „Градба промет“ гради тротоар на улицата „Ќиро Арсов“.

Денеска започнаа градежните работи на расчистување на просторот за изградба на тротоар. Според проектот на површина од 300 метри квадратни ќе се постават павер елементи. Претходно на таа површина ќе се изврши порамнување и поставување на тампон.

Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа.

ТАМПОНИРАЊЕ НА НОВИТЕ УЛИЦИ  ВО НАСЕЛБАТА „ЈАСМИН“

ТАМПОНИРАЊЕ НА НОВИТЕ УЛИЦИ ВО НАСЕЛБАТА „ЈАСМИН“

 Фирмата „Градба промет“ деновиве работи на поставување на бетонски рабници нивелирање и тампонирање на улиците, од комуналниот проект на Општина Кавадарци за изградба на улици во населбата „Јасмин“.

Согласно Деталниот урбанистички план општината изврши пробивање на нови улици со што се оформија комунациите за индивидуалните станбени објекти во тој дел на градот под СЦ „Јасмин“.

Според проектот пробиени се четири нови улици на два споја со регионалната улица „8-ми Септември“ која води кон Винарската визба „Тиквеш“.

Реализацијата на проектот е на барање на жителите од оваа населба, а општината со изградбата им овозможи повеќе да не газат кал.

Loading