Вести

All Blog Posts

ДВЕ ГОДИНИ НА МОЈ ОПШТИНАР

ДВЕ ГОДИНИ НА МОЈ ОПШТИНАР

Во рамките на редовната работа, Општина Кавадарци на предлог на градоначалникот Митко Јанчев воведе, за прв пат во постоењето, основана е  јавна служба која е ставена во служба на граѓаните МОЈ ОПШТИНАР. Ова служба го прероди секторот за работа со граѓаните. Извршени зе бројни активности во градот на предлог на Градоначалникот , Советот и граѓаните.
Од денеска ова служба работи во посебен сектор односно во се транформира во Техничко логистичка служба и мониторинг.

 

НОВИ 1900 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

НОВИ 1900 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ започна со изградбата на новите 1.900 должни метри од колекторот за прифаќање на отпадните води на град Кавадарци. Новата делница се гради од локацијата под објектот „Три багрема“ кај Глишиќ до под село Марена.

Во неа ќе бидат вградени корогирани цевки со профил „Фи“ 1.000, за оптимална пропусната моќ на цевкводот за зафаќање на фекалните и отпадните води од градската канализациона мрежа.

Ова е четврта фаза од доградбата со што вкупната должина на колекторот од сегашните 2.270 метри ќе се зголеми на 4.170 метри. Колекторската мрежа треба да ги однесе отпадните води до локацијата на идната прочистителна станица под селото Марена.

Овој еколошки проект е од исклучително значење за општина Кавадарци, бидејќи со негово заокруживање после изградбата на прочистителаната станица, реката Луда Мара која е реципиент на сите отпадни води од градот ќе биде прочистена и во Вардар ќе се влева незагадена вода.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАНОСИ ОД ОДВОДЕН  КАНАЛ ВО ГЛИШИЌ

РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАНОСИ ОД ОДВОДЕН КАНАЛ ВО ГЛИШИЌ

Општина Кавадарци во соработка со општествено одговорната компанија „Ја-Ми“ од Кавадарци продолжи со акцијата за расчистување на наноси од земја долж затрупаните одводни канали.

Механизацијата денеска работеше на расчистување на одводниот канал на улицата „Шишка“ на излезот од Глишиќ кон Марена. Се работи со два багера и два камиони, кои во текот на акцијата отстраниа 500 кубни метри земја. Се расчисти одводен канал во должина од 500 метри од улицата до коритото на реката Луда Мара.

Претходно во склоп на акцијата беа исчистени и одводните канали за зафаќање на атмосферската водо од локалниот пат Марена-Сопот.

ТАМПОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БИГЛА“

ТАМПОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БИГЛА“

Продолжената градежна сезона овозможи Општина Кавадарци да реализира неколку проекти од Програмата за комунална изградба. Оперативата на градежната фирма „Градба промет“ денеска работеше на поставување на тампон на делница од улицата „Бигла“ во УЗ „Страшо Пинџур“.

Според проектот се рконструира делница од 100 метри, каде што прво беше отстранет дотраениот и оштетен асфалт, по што се постави тампон. Во последната фаза ќе следи асфалтирање на оваа делница која се протега на стрмна угорница.

Со овој проект кој се реализира на барање на граѓаните, општинат ќе им предаде во функција реконструрана улица по која ќе се одвива посигурен и побезбеден сообраќај.

ХОРТИКУЛТУРНО УРДУВАЊЕ НА ПАРКИНГОТ  НА УЛИЦА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

ХОРТИКУЛТУРНО УРДУВАЊЕ НА ПАРКИНГОТ НА УЛИЦА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ ОЕ „Паркови и зеленило“ денеска започна со реализација на проект за хортикултурно уредување на просторот помеѓу потпорниот ѕид на паркингот на ул.„Тиквешко востание“.
Комуналци денеска насипаа земја, а во наредните денови ќе постават и систем за полевање, по што ќе следи озеленување и хортикултурно уредување.
Претходно општината во ровот постави нисконапонски кабел кој ќе напојува со струја нови 4 ниски канделабри од Јавното улично осветлување.