Категорија: Актуелни информаци

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина!

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина!

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Кавадарци  како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот  (линк до летокот-мк верзија)

 

 

Детска градинка Сонце

Детска градинка Сонце

Детската градинка на ул. Ресавска која во иднина ќе го носи името ,,Сонце’’, е во завршна фаза. Деновиве се врши поставување на мебел и опрема, со што комплетно ќе заврши внатрешното уредување и опремување, како и партерно уредување на дворот со поставување на урбана опрема.

Инвеститор на проектот е Министерството за труд и социјална политика.

Детско игралиште населба Глишиќ

Детско игралиште населба Глишиќ

Завршено е и детското игралиште во населба Глишиќ. Овде беа поставени гумена подлога, нови дрвени детски играчки, и се репарираа веќе постоечките. Со овој проект беше опфатено и кошаркарското игралиште на кое се монтираа нови дрвени табли со обрач и мрежа. Двете игралишта се оградени со метална ограда и фарбани, со исполна од биговано и минимизирано плетиво.
Изведувач е фирмата Метал Апостолов, а проектот чини 1.012.942 денари.
Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино

Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино

Вработените во Информатичкиот оддел на Општина Кавадрци денес ги ставија во функција видео панелите на првиот од вкупно трите портали на влезовите во градот. Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.
Според проектот на Општина Кавадарци на видео екраните ќе се испишуваат сервисни информации од корист на возачите, а истите ќе бидат управувани и уредувани делечински од контролната соба на повикувачкиот центар во општинската зграда.
Се работи за метална конструкција со широчина од 11 метри во основата и 10 метри во горниот дел кој е висок 5 метри. На горниот дел од двете страни се поставени видео панели долги осум а високи еден метар.
Втората „порта“ е монтирана на локација под поранешен „Југокомерц“ на влезот од правецот на Прилеп. Третата порта е на локацијата кај „Велком трејд“ на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци  Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019-година се објавува:

 

Ј А В Е Н   П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинскокорисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ Креирање можности за работа за сите IV-”  за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци до /9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување -Кавадарци

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување-Кавадарци со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Стари лица со инвалидитет на кои им е потребна грижа, комуникација, основни здравствени услуги и интернет описменување

– Ученици од општинските училишта кои имаат телесен или ментален инвалидитет и наидуваат на проблеми во наставно-воспитниот процес.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Негователки на стари лица во домашни услови

– Лични асистенти

-Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување -Кавадарци во периодот од 05.08.2019година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Кавадарци и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кавадарци кај лицето Сашо Мошев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Велика Мурџавалевска,  Центар за социјлна работа Кавадарци кај лицето Сузана Димкова.