Категорија: Актуелни информаци

Известување до граѓаните на територијата на општина Кавадарци

Известување до граѓаните на територијата на општина Кавадарци

Согласно добиените известувања од Управата за Хидрометеоролошки работи, ги информираме граѓаните на Општина Кавадарци дека од денес попладне следи дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд проследен со електрични празнења во форма на невреме како и засилен ветер од југоисточен правец. Оваа дестабилизација се очекува да биде поинтензивна денеска попладне и во утрешниот ден, додека во наредните денови врнежите би биле со поумерен интензитет.
Во нашата општина се очекува да наврнат од 30 до 50 литри на м2, и да дува ветер со брзина до 30 k/h. Со оглед на тоа се информираат и предупредуваат граѓаните да бидат крајно внимателни и во случај на невреме да избегнуваат засолнување под стебла.
Во случај на поплави и излевање на шахти граѓаните да се обратат на дежурните телефони на Мој општинар.

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со релизација на сообраќајно- комуналниот проект за изградба на кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.

Проектот овде предвидува современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот – „турбо“ кружен тек.

Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3000м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.

За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.

Loading