КОНКУРС за обука за Неговател/ка на стари лица по проектот „За Развој на социјални услуги“
Врз основа на верификацијата на посебната програма за Неговател/ка за помош и нега на стари лица, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Кавадарци распишува:
К О Н К У Р С
За обука за Неговател/ка на стари лица по проектот „За Развој на социјални услуги“ во партнерство со Општина Кавадарци и Министерство за труд и социјална политика, финансиран од Светска банка
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетувааат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 22.02 до 10.03.2021 година
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р.С. Македонија;
- Да имаат над 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат завршено минимум основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;
- Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст Кавадарци;
Напомена: Обуката за неговател/ка за помош и нега на стари лица е сертифицирана.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на
е-маил: kavadarci@redcross.org.mk или на тел: 043/412/936, 070/239/352, 078/369/020.
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.