Категорија: Актуелни информации

ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци  за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Сл. Весник на РМ” бр.05/2002) и член 114 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл. Гласник на Општина Кавадарци” бр.08/05, 14/10, 24/10 и 38/19),  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци  за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци

 

Се повикуваат сите заинтересирани дипломирани архитекти да земат учество во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци Локална Самоуправа, за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци, за наредниот 10-годишен период “Кавадарци 2030година”.

Целта на јавниот повик е да се поттикнат истакнати архитекти да учествуваат во идното урбанистичко планирање на Градот Кавадарци во наредните 10 години.

Се очекува заинтересираните архитекти, со нивните искуства, знаења и идеи да придонесат заеднички да се утврди идниот економски, социјалeн, културeн и спортски развој во насока на подигање на животниот стандард на повисоко ниво на сите граѓани во Општина Кавадарци.  

Со Советодавното тело – Комисија ќе раководи Градоначалникот на Општина Кавадарци.

Учеството на архитектите во Советодавното тело ќе биде на доброволна основа  без надоместок.

Советодавното тело ке се состанува најмалку 2 (два) пати месечно, а по потреба и повеќе пати во месецот.

Заинтерсираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса: Општина Кавадрци, ул. Плоштед Маршал Тито  бб со назнака “За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци  за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци” или дирекно во архива на Општина Кавадрци  соба бр.20.

Рокот за пријавување е  до  15.06.2020 година.

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати  ќе бидат повикани.

 

 

 

                                                                                                                                Општина Кавадарци

                                                                                                     Градоначалник

                                                                                                   м-р Митко Јанчев

Пријава 

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СОБЛЕКУВАЛНИТЕ  НА СРЦ „ЈАСМИН“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СОБЛЕКУВАЛНИТЕ НА СРЦ „ЈАСМИН“

 

Продолжува реконструкцијата на објектот „соблекувална“ на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“. Ангажираната оператива деновиве извршува молерски работи во ентериерот, а ќе заврши со поставувањето на бетонскиот под до крајот на неделава.

Според проектот општината реализира реконструкција на внатрешноста на објектот со замена на прозорците од западната страна, потоа на внатрешните врати, како и реконструкција на санитарниот јазол и просториите со тушеви за спортистите.

Овој е прв посериозен зафат на објектот кој беше изграден на почетокот од осумдесеттите години од минатиот.

Минатата година со донација на „Ротаракт“ клубот на млади ротаријанци од Кавадарци беше рекоснтруиран покривот како и прозорците.

Со новата реконструкција општината дополнително ќе ги подобри инфраструктурните услови за спорт и рекреација на граѓаните на СЦ „Јасмин“.

ИЗГРАДЕН НОВ ВЛЕЗ ВО ЗГРАДАТА НА  ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

ИЗГРАДЕН НОВ ВЛЕЗ ВО ЗГРАДАТА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

 

Општина Кавадарци привршува со реализација на проектот за реконструкција и адаптација на влезот во зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, каде се наоѓаат административните простории на градската библиотека „Феткин“, ЈП „Паркинг“ и на неколку други субјекти.

Деновиве ангажираната оператива изврши поплочување на новиот пристапен влез од северната страна. Сега главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од север, од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на објектот.

После отстранувањето на пристапните скали, општината обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, што ќе доведе до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез  на граѓаните во градскиот зелен пазар.

Паралелно со дислокацијата на главниот влез се изврши замена и на старите прозорци на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло, како и лимена настрешница.

Реализирана превентивна акција во врска со вирусот Ковид 19

Реализирана превентивна акција во врска со вирусот Ковид 19

На влезовите на градскиот зелен пазар во Кавадарци од страна на полициски службеници, заедно со волонтери на Црвениот крст, преставници од ЈП паркинг и ,,Мој Општинар,, беше реализирана превентивна акција со делење на едукативни флаери во кои се содржани препораките за носење заштитна опрема, држење социјална дистанца и други препораки за заштита и превенција од Корона вирусот. Оние граѓани и продавачи на тезгите кои во пазарот влегуваа без заштитна опрема беа предупредувани и им беа на лице место поделени заштитни маски.Бројот на лицата кои немаа заштитна опрема беше многу мал. Помеѓу оние лица кои поминаа низ градскиот пазар и кои ги почитуваа препораките за носење заштитна опрема беше и Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев.

Градежни работи на пешачка патека во с.Ваташа.

Градежни работи на пешачка патека во с.Ваташа.

Градежната механизација е присутна на повеќе локации во општина Кавадарци. Се работи на пешачката патека во селото Ваташа, а во селото Возарци се санираат полски патишта.