Денес градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 Кавадарци.
Тој им честита и го изрази неговото задоволство а и гордост, за влезот во Европските лиги, односно Европскиот Куп, бидејќи успееја само од сериозен кандидат да се пласираат директно во Европа. Ова е доказ дека Кавадарци е спортски град, овој клуб заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина да се натпреварува во највисоката ракометна лига како и Европските лиги.
Тие му се заблагодарија за безрезервната поддршка која тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на Локалната самоуправа која преку реализираните проекти во областа на спортот значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци.
Во име на тоа му ја подарија и ракометната топка со која го одиграа последниот натпревар со РК Вардар и освоија бод со кој го остварија овој историски успех.