Категорија: Невладини организации

Граѓанските организации ги потпишаа договорите за реализирање на проектните активности

Граѓанските организации ги потпишаа договорите за реализирање на проектните активности

Денес градоначалникот Митко Јанчев заедно со граѓанските организации ги потпишаа договорите за реализирање на проектните активности од повеќе приоритетни области за 2022 година, согласно распишаниот Јавен повик за прибирање на предлог проекти наменети за организации регистрирани на територијата на Општина Кавадарци.

Јавниот повик траеше од 10.02.2022 до 14.02.2022 година. На истиот се пријавија 25 организации од кои 12 проекти се одобрени за финансирање со вкупна вредност од 2.355.275,00 денари.