Категорија: Улици и тротоари

Асфалтирање на улицата ,,7-ми Септември’’

Асфалтирање на улицата ,,7-ми Септември’’

Комплетно асфалтирање на улицата ,,7-ми Септември’’ во два слоја, каде претходно се реконструираше водоводната линија како и атмосферската и фекална канализација кое е во склоп на проектот од германската КФВ банка, во соработка со Општина Кавадарци и ЈП Комуналец.

Изведувач е фирмата Жикол.

Целосно е завршен патот од Браната ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш и с.Шешково

Целосно е завршен патот од Браната ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш и с.Шешково

Целосно е завршен патот од Браната ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш и с.Шешково, кој е комплетно тампониран во должина од 8 километри.

Од утре се продолжува во с. Ќесендре, Клиново, Куманичево и Драдња.

Изведувач е фирмата Портланд ОПЦ Струмица.

Асфалтирање на улици во УЗ Задругар

Асфалтирање на улици во УЗ Задругар

Денес се започна со асфалтирање на улици од УЗ Задругар. Се асфалтира ул.Галишка, ул.Наца Пинџурова и краци од ул.Црноречка, на површина од 2300 метри квадратни. Изведувач на работите е Ескаватори од Скопје.

Поплочување на тротоар на ул. Методија Џунов Џикот

Поплочување на тротоар на ул. Методија Џунов Џикот

Поплочување на тротоар на ул.Методија Џунов Џикот и уредување на дол Калница каде што треба да се стави и настрешница. Изведувач на работите е фирмата Павер Трејд, вкупната квадратура за поплочување е 1920 метри квадратни.

 

Асфалтирање на ул. Блажо Алексов

Асфалтирање на ул. Блажо Алексов

Оперативата на градежната фирма Градба Промет денес започна со асфалтирање на ул.Блажо Алексов. Асфалтирањето се врши во два слоја на површина од 3900 метри квадратни. Претходно, согласно истиот проект беа поплочени и тротоарите на истата улица со површина од 2150 метри квадратни. Финансиската вредност на овој проект е 9 милиони денари.