СПОМЕНИЦИ, СПОМЕН ПЛОЧИ, СПОМЕН ЧЕШМИ И СПОМЕН БИСТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Споменици и спомен обележја од Илинденскиот и поилинденскиот период

  1. Споменик на Гоце Делчев,поставен во дворот на ОУ,,Гоце Делчев,,во Кавадарци.Автор,Лазар Кузманов,наставник.Подигнат——година.
  2. Спомен биста на Гоце Делчев,поставена во училиштето училиштето во село Марена.
  3. Споменик-саркофаг на Пере Тошев, поставен во Дреновската клисура.
  4. Спомен плоча на Пере Тошев,поставена во дворот на црквата во село Фариш,каде што бил погребан по неговото убиство на 4.05.1912год.
  5. Спомен плоча за престојот на Гоце Делчев во Кавадарци 1901г.поставена на куќата на Добри Даскалов во Кавадарци.
  6. Спомен плоча за Добри Даскалов поставена на куќата на Диме Јосифив-Бурето во Кавадарци.
  7. Спомен плоча за борбата на четата на Добри Даскалов во селото Ресава,поставена на куќата на семејството Ласкови.
  8. Спомен плоча во месноста,,Дреновица,,за борбата на четата на војводата Петар Јуруков против турскиот аскер.
  9. Спомен плоча на членовите на првиот комитет на ТМОРО.
  10. Споменик  на жртвите од Тиквешкото востание во 1913год.

 

СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА ОД НОВ 1941-1945год.

Споменици

  1. Споменик на револуцијата и слободата подигнат на градскиот плоштад во Кавадарци.Автор на споменикот е академскиот вајар Пјетро Палавичини.
  2. Спомен костурница на загинатите борци од НОВ 1941-1945год.Автор на споменикот,проф.Петар Муличковски.Откриен е на 4.07.1976год.
  3. Споменик-костурница на 12-те стрелани ваташки младинци во месноста Моклиште кај с.Ваташа.Автор академскиот вајар Јордан Грабуловски.
  4. Споменик на народните херои Ќиро Крстев и Димче Мирчев поставен во градскиот парк во Кавадарци.Автор акад. вајар Томе Андревски.
  5. Споменик на загинатите борци во Дреновската клисура.Автори на споменикот се Јован Јосифов-Ромбо и арх.Данчо Јосифовски.
  6. Споменик на стреланите партизани и родољуби,подигнат на патот кај селото Фариш.
  7. Споменик на н.х.Страшо Пинџур подигнат во дворот на ДИК,,Страшо Пинџур,,во Кавадарци.
  8. Споменик на загинатите борци во борбата кај Овчка Река,подигнат на Тумбата од левата страна на реката во месноста ,,Мечкин дол,,.
  9. Споменик за формирањето на Првата македонска дивизија подигнат во село Шешково.
  10. Споменик за загинувањето на првата жртва на одредот,,Добри Даскалов,,и престојот на велешките партизани на овој терен,подигнат во село Ресава.
  11. Споменик на Тоде Хаџи Тефов,подигнат во дворот на училиштето што го носи неговото име во Кавадарци.
  12. Споменик на загинатите борци од село Бегниште,подигнат во дворот на училиштето ,,Дешка Тошева,, во с.Бегниште.
  13. Споменик на загинатите борци од село Сопот,поставен во селото.
  14. Споменик на загинатите борци од село Марена,подигнат во селото,а откриен на 13.06.1992година.
  15. Споменик на загинати борци од с.Горно Бошава.
  16. Споменик на загинати борци од с.Бохула и Чемерско.
  17. Споменик на загинати борци од с.Конопиште.
  18. Споменик на загинати борци кај с.Бојанчиште.
  19. Споменик на загинати борци кај с.Рожден.
  20. Споменик на загинати борци кај с.Страгово.
  21. Споменик на загинати борци кај с.Радња.
  22. Споменик на загинати борци Димката Габер,Пано Мударов,Ило Виларов и Стојан Крстев,кај Клинска Леса-Тиквешко езеро.
  23. Споменик за депортирањето на населението од Бошавијата,се наоѓа на север од селото на раскрсницата на патот за с.Чемерско.
  24. Споменик на Данчо Поп Атанасов близу с.Горниково.
  25. Споменик на Иван Сливков во с.Паликура.

 

СПОМЕН МУЗЕИ И СОБИ

  1. Меморијален музеј на Народниот херој Страшо Пинџур во неговата куќа во село Ваташа.
  2. Спомен соба на Првата македонска дивизија и партизанската болница во село Шешково.
  3. Спомен соба на Васил Хаџиманов се наоѓа во рамките на новиот музеј Куќата на мирисот и вкус.

 

СПОМЕН БИСТИ

  1. Спомен биста на Диме Поп Атанасов,поставена во паркот,,Поланата,,.
  2. Биста на Народниот херој Страшо Пинџур,поставена во дворот на неговата куќа во селото Ваташа.
  3. Биста на Народниот херој Страшо Пинџур поставена во Градскиот парк во Кавадарци-сега пред ОУ,,Страшо Пинџур,,
  4. Биста на првоборецот Димката Ангелов Габерот,поставена во дворот на основното училиште во Ваташа кое го носи неговото име.
  5. Биста на Димката Ангелов Габерот,поставена во паркот спроти МВР во Кавадарци.
  6. Биста на народниот херој Ќиро Крстев,поставен во Градскиот парк во Кавадарци.-Ја нема.
  7. Биста на Народниот херој Блажо Тодоров-Чичето,поставена во Градскиот парк во Кавадарци.-Ја нема.
  8. Биста на Тодор Велков-Пепето,поставена во паркот спроти зградата на МВР во Кавадарци.
  9. Биста на Пано Мударов-Фрањо,поставена на истоимената улица,северно од црквата,,Св.Димитрија,,во Кавадарци.
  10. Биста на Благој Крстиќ-Јошка,поставена на улицата Страшо Пинџур спроти новата аптека во Кавадарци.
  11. Биста на Лазо Стојанов-Чемерски,поставена пред ОУ,,Страшо Пинџур,,во Кавадарци-сега во градскиот парк.
  12. Биста на Мара Димова-Анка,поставена во дворот на Монополот за преработка на тутун.
  13. Биста на Дешка Тошева,поставена во дворот на ОУ во селото Бегниште кое го носи нејзиното име.
  14. Биста на Стефан Хаџи Тефов-Феткин,поставена во Градскиот парк во Кавадарци.
  15. Биста на Данчо Поп Атанасов,поставена во Градскиот парк во Кавадарци.
  16. Биста на Лазо Мицев-Рале,поставена во Градскиот парк во Кавадарци.-Ја нема.
  17. Биста на Ќиро Спанџов-Брко,поставена во Градскиот парк во Кавадарци.
  18. Спомен биста на Диме Туриманџов-Горски во паркот кај МВР.
  19. Спомен биста на Никола Минчев во паркот кај МВР.
  20. Спомен биста на Блаже Џунов во ОУ во Ваташа.
  21. Спомен биста на Димката Габерот во ОУ во Кавадарци.
  22. Спомен биста на Доно Попов во дворот на ОУ во Бохула.
  23. Спомен биста на Ќиро Арсов во аулата на поштата.
  24. Спомен биста на Лазо Филиповски-Лавски во с.Сирково.
  25. Спомен биста на Димката Габерот во с. Сопот
  26. Спомен биста на Ќиро Спанџов-Брко, во индустриското училиште.
  27. Спомен биста на Цандо Здравев-Петко, во с. Возарци.

 

СПОМЕН ПЛОЧИ

  1. Спомен плоча на паднатите борци во с.Сирково.
  2. Спомен плоча на паднатите борци во с.Сопот.
  3. Спомен плоча на 9 Бригада во месноста Гарниковски Круши.
  4. Спомен плоча за формирањето на партизанскиот одред ,, Добри Даскалов,,. поставена во местото на формирањето во месноста ,, Миџвездово,, на планината Вишешница.
  5. Спомен плоча на загинатите борци ученици во гимназијата. Поставена е во холот на ОУ,,Страшо Пинџур,, во Кавадарци.
  6. Спомен плоча за формирањето на Првиот НОО, поставена во куќата на Ѓошо Мицајков во Кавадарци-кај  ,, Златно буренце,,.
  7. Спомен плоча за загинувањето на Тоде Хаџи Тефов, поставена во месноста ,,Калница,, источно од Кавадарци.
  8. Спомен плоча за стреланите родољуби од село Шивец, поставена во селските гробишта во село Шивец.
  9. Спомен плоча за одржаниот состанок на комунисти и скоевци во месноста ,,Раштани,,.Плочата е поставена на чешмата во Раштани-Овчка река.
  10. Спомен плоча на загинатите борци од село Ресава, поставена во селските гробишта во селото Ресава.
  11. Спомен плоча на загинатите борци од село Ресава, поставена до споменикот сред селото.
  12. Спомен плоча на партизанската болница во с. Бохула.
  13. Спомен плоча над вратата на кафаната 12 другари од Ваташа.
  14. Спомен плоча на загинатите во с.Крњево.
  15. Спомен плоча за престој на членовите на3 О.К. на КПМ во с.Куманичево.
  16. Спомен плоча на Партизанскиот магацин, поставена на запад во црквата во с. Куманичево.
  17. Спомен плоча на загинатите од с. Куманичево на север од селотот.
  18. Спомен плоча на загинатиот борец Коле Ѓорѓиев во с.Долно Бошава под селото.
  19. Спомен плоча на паднатите борци во с. Трстеник.
  20. Спомен плоча во месноста Калница каде што е убиен Тоде Хаџи Тефов.

 

СПОМЕН ЧЕШМИ

  1. Спомен чешма подигната (изградена) во месноста ,,Миџвездево,,каде што на 14.05.1943 година е формиран партизанскиот одред ,, Добри Даскалов,,.
  2. Спомен чешма изградена на местото каде е формирана Првата македонска дивизија на тумбата пред село Шешково.
  3. Спомен чешма на патот во Дреновската клисура изградена во чест на борбите на партизанските единици против окупаторот.
  4. Спомен чешма во селото Ресава, изградена во чест на првата борба на партизанскиот одред ,,Добри Даскалов,,.
  5. Спомен чешма во селото Шешково, изградена до Дивизииската болница.
  6. Спомен чешма изградена во близина на селото Гарниково во чест на загинувањето на Данчо Поп Атанасов.
  7. Спомен чешма во с. Бојанчишта одред ,,Добри Даскалов,,.
  8. Спомен чешма на Диме Поп-Атанасов во месноста Белград.

 

СПОМЕН ПАТИШТА

  1. Спомен пат од месноста Моклиште до Мушов Гроб, во чест на Втората македонска народно ослободителна бригада.