Категорија: Настани

Градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија

Градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија

Денес градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија, Н.Е Петра Дрекслер, како и претставници од амбасадата.

На средбата се разговараше на повеќе теми, како можноста за инвестирање во локалното стопанство, локалната политика, проектите кои се во тек, идните и можната соработка за реализација на овие проекти преку германската амбасада.

Меѓудругото се разговараше и за актуелните проекти кои се реализираат во Општина Кавадарци, односно грантот преку германската КФВ банка како и програмата за водовод и канализација кои моментално се реализираат со помош на истата преку Министерството за труд и социјална политика.

 

Работен состанок на градоначалникот со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Работен состанок на градоначалникот со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Градоначалникот Митко Јанчев имаше работен состанок и со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на кој дадоа акцент на идните два капитални проекти кои се планирани да се реализираат во Општина Кавадарци и кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани. Реализација на проектот Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, а во меѓувреме се изготвува и проектот за Дом за стари лица.

На состанокот присуствуваше и директорката на ЈОУ ДГ ,,Рада Поцева’’ Кавадарци Цанка Добринова, која во оваа пригода и врачи плакета на министерката по повод јубилејот од 60 години постоење на Рада Поцева, за досегашната и идна соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Одбележување на 80 години од стрелањето на 12-те Ваташки младинци

Одбележување на 80 години од стрелањето на 12-те Ваташки младинци

Се навршија 80 години од ѕверското убиство на 12-те ваташки младинци од бугарскиот фашистички окупатор. Достојна почит денеска на убиените оддадоа членови на нивните семејства, бројни делегации од општествено политичкиот живот…

 Отворена спомен соба во нивна чест, откриени 12 бисти и пригодна културно уметничка програма.

Да не се повтори!

Да не се заборави!

Слава им!

ПРОМОВИРАНА НОВАТА ПАМП ПАТЕКА

ПРОМОВИРАНА НОВАТА ПАМП ПАТЕКА

На Градски плоштад имаше масовна велосипедска парада со возење велосипеди низ улиците на градот, се до ново изградената ПАМ ТРАК ПАТЕКА!

Промоција на пам трак патеката, заедно со градоначалникот Митко Јанчев, во соработка со Општински сојуз на училишни спортови, со голем број на велосипедисти и ученици придружувани од нивните наставници по физичко образование.

За оние кои уживаат во возењето на велосипеди, скејтборди, ролшуи и скутери!

Кавадарци се грижи за младите!

Среќно Мајкл и уште поголеми успеси во иднина!

Среќно Мајкл и уште поголеми успеси во иднина!

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанче Рамов, имаа средба со Мајкл Георгиевски, ученик кој има континуиран успех во областа на природно математичките науки, придружуван од директорката на СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Јасминка Чулева.

Повод на денешната средба беше освоеното прво место на Државниот натпревар по физика кој се одржа на 29.04.2023 година на ПМФ- Физика во Скопје.

Мајкл Георгиевски континуирано секоја година освојува награди и признанија, продолжува да се истакнува со своите знаења, а неговите успеси тоа го потврдуваат и секако нашиот град, а и Гимназијата имаат со што да се гордеат.

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот ја изразија нивната поддршка и гордост и во знак на тоа му доделија плакета за континуиран успех во природно математичките науки!