
Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во чест на православниот празник Свети „Трифун“ утринава присуствуваше на Света божествена литургија која се одржа во соборната црква Св.„Петка“. Литургијата ја одржаа свештениците од намесништвото во Кавадарци, а на истата присуствуваа и монаси од братсвото на манастирот Св. „Јован“ Бигорски.
Со литургијата официјално започна одбележувањето на преавославниот христијански празник Св. „Трифун“ кој кавадарчани го празнуваат како заштитник на лозарите.
Централната свеченост во чест на празникот ќе се одржи на градскиот плоштад каде ќе се изврши традиционалното закројување на виновата лоза од страна на градоначалникот и неговите гости.
Општината во чест на празникот денеска од 13:00 часот организира и културно уметничка програма која ќе продолжи и вечерва со централниот настап на Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“.
Закројувањето е практично вовед во новата лозарска сезона која ќе заврши со „Тиквешкиот гроздобер во септември.