Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената П Р О Г Р А М А за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава IV, точка 42, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
- исток: осовина на станбена улица „Орце Николов“
- југ: осовина на сервисна улица бул.„Кочо Рацин“
- запад: осовина на сервисна улица бул.„Никола Минчев“
- север: осовина на сервисна улица бул „Македонија“
Површината на планскиот опфат изнесува 3,97 ха.
ПОВТОРНАТА Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Повторната Јавна анкета трае од 23.02.2022 до 01.03.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.