АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „2 БРИГАДА

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „2 БРИГАДА

Општината Кавадарци ревитализираше ште една улица од пролетната кампања од комуналната изградба.

Оперативата на фирмата „Коле транс инжинеринг“ од Штип ја асфалтираше улицата „2 Бригада“ на потегот помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Народна младина“ како и крак од истата.

Според проектот општината овде посатви асфалт на вкупна површина од 800 квадратни метри.

Улицата се реконструира на барање на жителите, парите се обезбедени од буџетот на општината за комунална изградба. Проектот опфаќаше вадење на стариот и руиниран асфалт, порамнување со тампонирање како и целосна замена на рабниците.

Loading