Реализиран уште еден дел од Проектот МСИП, за реконструкција на главните улици во Кавадарци.
Општината Кавадарци преку ангажираната оператива во текот на викендот ја асфалтираше улицата „7-ми Септември“ на потегот од спојот со „Илинденска, до мостот кај „Јаворот“. Нов завршен (фин) слој на асфалт беше поставен и на раскрсницата на улиците „Илинденска“- „Мито Хаџи-Василев“ – „7-миСептември“.
За целосно заокружување на проектот, веднаш по асфалтирањето специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на пешачките премини, полните и испрекинати линии, како и означувањето на паркинг местата за хоризонтална патна сигнализација.