Општината Кавадарци и ангажираната фирма „Градба промет“ успешно реализираа уште една фаза од комуналниот проект кружен тек кај ВВ „Тиквеш“. Денеска беше извршено асфалтирањето со завршниот фин слој на целата површина.
Ова сообраќајно решение со кружен тек е проектирано за експресно и безбедно одвивање на сообраќајот по регионалната улица „Западен Булевар“.
Овој „турбо“ кружен тек се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“, зафаќа површина од 3000м2. Согласно стандардите досега е изведена комплетната сообраќајна и комунална инфраструктура.
Во наредната фаза ќе се реализираат деловите од проектот кои се однесуваат на јавното улично осветлување, како и на хорти културното уредување.
Со оглед на тоа дек престојат уште неколку фази на изградба Општината апелира до сите учесници во сообраќајот и натаму да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај, и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи
Општината Кавадарци во овој современ кружен тек инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.