Општина Кавадарци денеска заокружи уште еден комунален проект со кој беа опфатени повеќе улици.
Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска изврши асфалтирање на новата траса од улицата „Доне Попов“ во должина од 90 метри. Целта на проектот е да ја спои улицата „Доне Попов“ со улицата „Григор Прличев“.
Согласно проектот општината претходно работеше на пробивање, нивелирање на подлогата, како и на поставување тампон. и рабници. Во завршната фаза уследи асфалтирање.
Проектот за пробивање и спојување на улицата е на барање на жителите, а во рамките на програмата за комунална изградба во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.