Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска асфалтираше дел од улицата „Доне Попов“. Се асфалтираше новопробиениот коловоз, на вкупна површина од 660 квадратни метри.
Согласно проектот претходно на локацијата се поставуваа рабници во вкупна должина од 240 метри, со што се оформи улица на која се постави и тампон.
Општината овој проект го реализира на барање на граѓаните од населбата „Голи оток“. Проектот е согласно програмата за комунална изградба, финансирана од општинскиот буџет.