АСФАЛТИРАЊЕ  НА ДЕЛ ОД  УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Oперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица денеска ги изведува завршните работи за асфалтирање на дел од ул.„Методи Џунов-Џико“ близу локалитетот „Калница“.

Ќе се асфалтираат 400 метри од улицата со што завршуваат градежните работи на капиталниот проект на Општина Кавадарци: „За подобрување на општинските услуги, Грант од Светска банка преку Министерството за финансии, за социјална вклученост „МСИП-2-СГ-НЦБ-002-20“.

Проектот се однесува на Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на ул.„Клинска“ и дел од ул.„Методи Џунов-Џико“.

Работите на овој капитален проект започнаа во декември 2019 година, а денеска  се работеше на негово целосно заокружување.