АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

Општина Кавадарци го заокружува проектот за обновување и урбанизирање на атлетската патека на спортскиот центар „Јасмин“.

Оперативата на ангажираниот носител на јавната набавка на однапред подготвената подлога поставува асфалт на вкупна површина од 3.150м2, со дебелина од 5 цм.

Покрај асфалтирањето на атлетската патека, проектот опфати  нејзино проширување на делницата од 100 метри, како и ревитализација на јавното осветлување.

Со овој проект општината создава услови за по оптимално користење на спортскиот центар, пред се од големиот број рекреативци, а воедно овозможува и услови на основните и средните училишта за користење на патеката за изведување часови по физичко воспитување, како и за организирање на атлетски натпревари од понизок ранг.