Како дел од гроздоберската програма е и уметничкиот настап на Тату артистот Пане Ризов од Тату студиот „Булфрог“ од Кавадарци.
Тој под тенда на плоштадот изработи пет бесплатни тетоважи за посетителите на „Тиквешкиот гроздобер“. Имињата на петмината среќници кои добиа бесплатни тетоважи беа јавно извлечени пред самиот почеток на неговиот перформанс.