Вести

All Blog Posts

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа 2023

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа 2023

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.06.2023година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа 2023

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поддршка за самостојно живеење, волонтери за помош на центарот за достава на храна ,,Банка за храна “со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

Read More

Форум за запознавање со реконструкција на улица Димката Ангелов Габерот, Максим Горки, Вељко Влаховиќ и Слога

Форум за запознавање со реконструкција на улица Димката Ангелов Габерот, Максим Горки, Вељко Влаховиќ и Слога

Согласно Тендер 4 – градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти – Дел 2 LRCP 3034-МК-RFB-А2.1.4. (2), поточно реконструкција на улица Димката Ангелов Габерот, Максим Горки, Вељко Влаховиќ и Слога општина Кавадарци организира форум за запознавање на заедниците (граѓаните и институциите) на сите засегнати и лоцирани на горенаведените улици, со цел известување и информирање за тековните градежни работи што ќе се работат на улиците и можностите да се обратат во случај на жалби и поплаки.

Форумот за запознавање на заедниците ќе се спроведе во просториите на општина Кавадарци во Голема сала на ден 07.06.2023 година со почеток во 11:00  часот.

СООПШТЕНИЕ јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за оформување на градежна парцела 1, со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани.

СООПШТЕНИЕ јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за оформување на градежна парцела 1, со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани.

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за оформување на градежна парцела 1, со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на  КП 2858/4, м.в. Веселова падина, КО Сопот, Општина Кавадарци.

 

Границите на планскиот опфат се:

  • на север – КП 2858/1, м.в. Веселова падина, КО Сопот,
  • на исток – локален пат,
  • на југ – КП 2858/3, м.в. Веселова падина, КО Сопот,
  • на запад – локален пат.

 

Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 9115 м² (0.9115ха).

Со овој урбанистички проект се планира градба на површински соларни и фотоволтаични електрани.

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за оформување на градежна парцела 1, со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на  КП 2858/4, м.в. Веселова падина, КО Сопот, Општина Кавадарци,  со технички број 09-02/2023 од Март 2023 изработен од Друштво за трговија на мало и проектирање АРХИКОНС Јован ДООЕЛ Кавадарци ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 01.06.2023 до 15.06.2023 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.

 

 

Показна вежба “Брз одговор 23”

Показна вежба “Брз одговор 23”

Во посета на Општина Кавадарци беа амбасадорката на САД во Македонија г-ѓа Ангела Агелер и министерката за одбрана г-ѓа Славјанка Петровска.

Заедно со градоначалникот Митко Јанчев беа присутни на вежбата на која учествуваа припадници од Армиите на Република Македонија, САД, Република Албанија, Република Црна Гора и безбедносните сили на Косово. Цел на вежбата е подобрување на сојузничките воени способности, интероперабилноста на сојузниците и партнерите и преку демонстрација на висока подготвеност да влијае на одвраќање на било кој вид на малициозни активности од потенцијалните противници. Беа презентирани оклопни возила, борбени возила, како и натпревари во уличен баскет во кои земаа учество над 10 групи, каде што присуствуваа и претседателот на КФСМ Перо Антиќ и Тодор Гечевски.

 
ЈАВЕН КОНКУРС за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата на Општина Кавадарци

ЈАВЕН КОНКУРС за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата на Општина Кавадарци

           Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година бр.08-7742/33 од 22.12.2022година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице бр.08-7342/34 од 22.12.2022 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

ЈАВЕН КОНКУРС

За делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице

 

                 Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година со арх. Бр. 08-7745/22 од 22.12.2022 и 08-3160/23 од 18.05.2023 и тоа:

1.Културно лето го сакам Кавадарци

                   Јули-Август

2.Културна манифестација „Тиквешки Гроздобер“ Септември

3.Нова Година 2023 –Декември

   -Божиќен Пазар

               Обврска на правното лице е во целост да ги испланира , организира, реализира и менаџира културните манифестации.

Висината на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци за делегирање на надлежноста е содржана во Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година .

Read More