Вести

All Blog Posts

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА   НА УЛИЦАТА „РЕСАВСКА“

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА  НА УЛИЦАТА „РЕСАВСКА“

 

 

Мрежата на градската атмосферска канализација ќе се зголеми за дополнителни 130 метри. Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „РМК Градба“ од Скопје започна со изградба на целосно нова линија на дел од улицата „Ресавска“.

Се работи за проект според кој на оваа делница ќе се постават Полиетиленски коругирани цевки со профил 400 милиметри. Линијата е продолжување на атмосферската канализација на новопробиенат делница на спојот со „Западен булевар“ на кривината кај градските горбиште.

Станува збор за целосно нова линија со која ќе се зафатат атмосферските води под регионалниот пат Кавадарци-Прилеп.

С О О П Ш Т Е Н И Е  За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената П Р О Г Р А М А за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава I, точка 1, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.9, “Вељко Влаховиќ” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

  • Од Запад: по оска на Бул. “Западен булевар” ;
  • Од Север: по оска на Бул. “Северен булевар“;
  • Од Исток: по оска на Бул. “Цветан Димов“;
  • Од Југ: по оска на ул. “Велко Влаховиќ“;

 

Површината на планскиот опфат изнесува 5,38 ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.9, “Вељко Влаховиќ” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 23.09.2020 до 06.10.2020  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  02.10.2020  година (Петок) во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.9, “Вељко Влаховиќ” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци  ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

Соопштение за Јавна презентација ДУП МЛАДИНСКИ
Анкетен Лист за ДУП вељко влаховиќ
Соопштение за ЈА и ЈП
Јавен повик за форморање на партиципативно тело на Општина Кавадарци од областа на урбанизмот

Јавен повик за форморање на партиципативно тело на Општина Кавадарци од областа на урбанизмот

Се повикуваат сите заинтересирани лица, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Кавадарци што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на урбаното и руралното подрачје на Општината,

да се пријават за членови на Партиципативното тело на Општина Кавадарци од областа на урбанизмот.

Јавниот повик е распишан за периодот од 15.09.2020 до 15.10.2020.

Пријавите да се достават до архивата на Општина Кавадарци во определениот рок. Истите треба да содржат контакт информации (име и презиме, адреса и контакт телефон), како и кратко образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело.

Лицата чии што пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат назначени за членови на Партиципативното тело и за истото ќе бидат известени во писмена форма.

Цел на Партиципативното тело е обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело ќе ги претставува сите различни интереси и интересни групи во Општина Кавадарци и ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ќе ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело ќе заседава најмалку еднаш на 2 (два) месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови.

Работата на партиципативното тело е јавна.

Учеството во Партиципативното тело е на доброволна основа.

 

Јавен повик
Свечена седница на Советот на општина Кавадарци

Свечена седница на Советот на општина Кавадарци

Советот на општина Кавадарци, вечерва по повод денот на ослободувањето на Кавадарци одржа свечена седница. Претседателот на советот Ристо Сакалиев кој ја отвори свечената седница, рече дека резултатите од работењето на советот и градоначалникот се видливи за сите граѓани.

Во своето обраќање градоначалникот Митко Јанчев оддаде почит на нашите предци, кавадаречките борци кои ги дадоа своите животи за нашето Кавадарци и како што нагласи, оставија аманет да го сакаме, чуваме и негуваме нашиот град.

Тој говореше и за проектите кои се реализираат во Кавадарци и посочи дека тој заедно со советот и администрацијата создаваат општина која ќе служи за пример.

„Кавадарци веќе претставува општина која ги нуди сите можности за напредок и безбедно живеење. Тука можеш да собираш искуство, да градиш кариера, да создадеш семејство, да се чувствуваш безбеден, да постигнеш успех и на крај да бидеш горд што си кавадарчанец. Кавадарци трета година е на врвот на листата на нај еколошки град во нашата земја. Хигиената во градот е на едно завидно ниво“ рече Јанчев и додаде дека како резултат на домаќинско работење годинава во целост ќе се реализира програмата за комунално уредување, а ќе се реализираат и проекти надвор од неа.

Посочи дека после 40 години во тек е реконструкција на градскиот парк „Љупчо Шкартов“. Се проширува улица „Шишка“ со три ленти, а ќе добие и целосно ново улично осветлување.  Најави дека до крајот на годината во градското подрачје ќе се асфалтираат 16 улици. Паралелно, рече тој се работи и во селата од општината.

Јанчев најави дека за наредната година е предвидено Кавадарци да добие современ затворен базен на местото на руинираниот објект „Ла Луна“ и изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење. Овој проект би се реализирал во соработка со Центарот за меѓународна соработка со Република Словенија, а со истиот значително ќе се подобри квалитетот на водата за пиење.

„Исто така важен проект за наредната година е имплементирање на проект за алкохолен дестилат во соработка со владата. Со реализација на овој проект трајно би се решиле проеблемите, со кои, за жал, оваа година се соочуваат лозаропроизводителите“ рече Јанчев и искажа благодарност до советот за соработката, вработените во локалната самоуправа, јавните претпријатија и бизнис секторот за тимската работа за поубаво Кавадарци.

На седницата беше доделено највисокото општинско признание, наградата „7 ми септември“. Годинава добитници се „Комерцијална банка“, компанијата ИГМ и општа болница со проширена дејност Кавадарци.

Во име на Комерцијална банка наградата ја подигна Хари Костов,   кој го честита денот на ослободувањето на Кавадарци, се заблагодари за укажаната чест и посочи дека учеството на банката во стопанството во Кавадарци е значително.

Сопственикот на ИГМ трејд Илија Гечев исто така се заблагодари за добиената награда. Рече дека бил посветен да инвестира во сопствениот град и тоа го постигнал со отворањето на гигантот ИГМ. Говореше за неговите инвестиции во Словенија, а нагласи дека продолжува со инвестиции и во Кавадарци и Неготино.

Во име на општа болница Кавадарци наградата за особен придонес во здравството ја подигна директорот на болницата д-р Диме Коцев.

„Во изминатиов период направивме многу, направивме Здравствена Установа која е пример за одговорно работење, чии главни придобивки се  постојаното осовременување  на капацитетите , подобрената инфраструктура и пред се кадровската екипираност  овозможувајќи  висок степен на експертиза во повеќе специјалистички области. Со тоа, од една страна ја вративме довербата во здравстото кај пациентите , а од друга страна направивме Место каде нашите млади доктори и медицински сестри ја гледаат својата иднина во реализирањето на своите професионални амбиции. Овие наши остварувања беа препознаени, како од Министерството за здравство и Локалната самоуправа, така и од многу компании од приватниот сектор, кои со сериозни инвестиции  помогнаа нашата Здравствена Установа да добие статус на Регионална Болница“ рече д-р Коцев и нагласи дека сите вработени во болницата се горди  на оваа награда , која претставува  Признание за се она што го сработиле до сега.