Вести

All Blog Posts

ОБЈАВА број 2/2020 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОБЈАВА број 2/2020 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВА број 2/2020

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за УE ,,Рајко Жинзифов“ – Кавадарци 2001-2006,донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-921/6 од 18.07.2001 година, за изградба на објекти со намена А1 – индивидуално домување согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

2.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за локалитет ,,Г-2“ – Глишиќ, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-2334/18 од 31.10.2005 година, за изградба на објекти со намена -семејни куќи согласно Табеларен преглед 2 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Повеќе

АСФАЛТИРАН КРАК НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

АСФАЛТИРАН КРАК НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Оперативата на „Градба промет“ денеска асфалтираше крак од улицата „Бел Камен“ на делницата од капелата до северниот влез во градските гробишта. Општината на овој потег со пари од буџетот сметка за комунална изградба ја обнови асфалтната подлога на површина од 540 квадратни метри. Претходно според проектот се изврши гребење и отстранувањето на стариот асфалт.

Со овој проект е рвитализиран дел на уште една фрекфентна улица во градот.

 

 

ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА УЛИЦИТЕ „ЛИЧКА“ И „МЛАДОСТ“

ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА УЛИЦИТЕ „ЛИЧКА“ И „МЛАДОСТ“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на изградба на два нови потпорни ѕидови како дел од програмата за комунална изградба на општината. Според проектот на деновиве се вршат градежни работи на улиците „Личка“ и „Младост“.

Потпорниот ѕид на улицата „Личка“ е во завршна фаза. Таму денеска се изведуваа последните работи со кои ќе се оформи коловозна површина на улицата до ѕидот.

На втората локација на улицата „Младост“ во населбата Глишиќ се вршеше шалување и се оформуваа контурите на идниот бетонски потпорен ѕид. Општината за оваа намена од буџетото инвестира 562.000 денари.

Проектот за потпорни ѕидови е на барање на жителите од овие две улици.

 

АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД РЕКОНСТРУИРАНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД РЕКОНСТРУИРАНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Денеска оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“ над комплексот станбени згради. Претходно според проектот на општината се изврши отстранувањето на стариот асфалт, на дотраените рабници, како и тампонирање.

Се работи на делницата од паркингот кај капелата во правец на ВВ „Тиквеш“ каде на површина од 1350 квадратни метри се постави нов слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри.

Со реконструкцијата на овој дел од улицата Жителите од зградите и од населбата „Бел Камен“ добиа обновена и побезбедна улица.

Претходно на овој локалитет кај зградите општината изврши оформување на паркинг со потпорен ѕид и поплочување, како и хортикултурно уредување на зелената површина. Реконструкцијата е на барање на жителите од оваа населба.

 

 

Подарок за секој што ќе наполни 18 години – општина Кавадарци со нов проект

Подарок за секој што ќе наполни 18 години – општина Кавадарци со нов проект

Секој млад кавадарчанец, кој од денеска ќе наполни 18 години од општината ќе добие книга насловена „Го сакам Кавадарци“ во која се содржани минатото и иднините планови на општината, како и скромни подароци. Денеска за овој проект информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој нагласи дека целата е младите да се запознаат со својот град, но и да останат во него.

Советникот за односи со јавноста во општина Кавадарци, Димитар Мурџев, кој е и дел од уредничкиот тим на книгата рече дека на овој начин младите ќе добијат многу повеќе факти за својот град.

Во издавањето на книгата „Го сакам Кавадарци“ учествуваа урендичкиот тим составен од Димитар Мурџев, Сузана Андоноски, Сања Крстиќ, Гордана Белевска-Мустафа. Користена е литература од историчарот Петре Камчевски, а фотографии од архивата на покојниот Бранко Ивановски, Петре Камчевски, Тони Коцев, Ристе Самарџиев, Димитар Мурџев, Ѓорѓи Голчев и фотографии сликани со дрон од Александар Ѓорѓиев.