Вести

All Blog Posts

Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба

Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба

Општина Кавадарци од денес, 01.09.2020г. започна со услугата ”Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба”проект кој се реализира во соработка со УНДП, а обезбедува поддршка во рамките на проектот “Креирање можности за работа за сите”.Ќе бидат ангажирани 13 лица кои беа избрани преку Јавен Повик за работната позиција помошник за достава на намирници во времетраење од 7 месеци, со скратено работно време од 20 часови неделно во текот на неделата. Ангажманот на помошниците за достава се состои од: набавка и достава на храна и други неопходни намирници, набавка и достава на лекарства и плаќање на месечни сметки.
Програмата Општинско-корисна работа има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено време и постепено вклучување на пазарот на трудот, а исто така преку обезбедување на услуги од социјалната и здравствената сфера да помогне на старите лица со нарушена здравствена состојба.

Проектот за асфалтирање на ул.Лазо Стојанов се приближува кон завршните фаза

Проектот за асфалтирање на ул.Лазо Стојанов се приближува кон завршните фаза

Откако беше отстранет стариот асфалт, денес се поставува дренажа по целата должина на улицата. По завршување на оваа фаза ќе следи и асфалтирање на површина од 840 метри квадратни. Изведувач на проектот е Градба промет а проектот е со финансиска вредност од 1 174 000 денари.

Листа на должници за данок на имот на физички и правни лица и комунална такса за истакнување на фирма заклучно со 2019 година.

Листа на должници за данок на имот на физички и правни лица и комунална такса за истакнување на фирма заклучно со 2019 година.

Општина Кавадарци, одделението за администрирање на даноци  објавува листа на даночни обврзници кои имаат долг за данок на имот на физички и правни лица, и долг за комунална такса за истакнување на фирма заклучно со 2019 година. Ве потсетуваме дека доколку не го подмирете во определениот рок ќе се пристапи кон присилна наплата на истите.

Со почит,

Одделение за администрирање на даноци

Превземи листа на должници за комунална такса-фирмарина 

Превземи листа на должници за данок на имот

Превземи листа на должници правни лицаДокумент
Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.4, ,,Младински” КО Кавадарци

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.4, ,,Младински” КО Кавадарци

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.4, ,,Младински” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Граници на планскиот опфат се :
– на север границата се движи по границата на град Кавадарци по ГУП
– на исток границата се движи по осовината на сервисна улица 21, „Ѓорѓи Соколов“,
– на југ границата се движи по осовината на сервисна улица 26, булевар „Македонија“ и
– на запад границата се движи по осовината на сервисна улица 27, „Никола Минчев“

Површината на планскиот опфат изнесува 19,14 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.4, ,,Младински” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 31.08.2020 до 14.09.2020 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 11.09.2020 година (Петок) во 11.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.4, ,,Младински” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јаната презентација и јавна анкета задолжтелно треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

Со почит,
Кабинет на Градоначалник

 

–  Анкетен Лист за ДУП МЛАДИНСКИ

– Соопштение за организирање ЈА и ЈП

Реконструкција на фонтаната во “ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈА“

Реконструкција на фонтаната во “ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈА“

 По долг период Општина Кавадарци ја реконструира  фонтаната во “ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈА“. Во тек е реконструкција и на фонтаната во Градскиот парк и поставување на нова фонтана на кружен тек на улица Никола Минчев. Работите ги изведува фирмата Метал Апостолов од Кавадарци. За оваа намена од буџетот на општината се издвоени 2.858.038 денари.