Вести

All Blog Posts

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014

Денес градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 Кавадарци.

Тој им честита и го изрази неговото задоволство а и гордост, за влезот во Европските лиги, односно Европскиот Куп, бидејќи успееја само од сериозен кандидат да се пласираат директно во Европа. Ова е доказ дека Кавадарци е спортски град, овој клуб заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина да се натпреварува во највисоката ракометна лига како и Европските лиги.

Тие му се заблагодарија за безрезервната поддршка која тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на Локалната самоуправа која преку реализираните проекти во областа на спортот значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци.

Во име на тоа му ја подарија и ракометната топка со која го одиграа последниот натпревар со РК Вардар и освоија бод со кој го остварија овој историски успех.

СООПШТЕНИЕ за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета за Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета за Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков”

                Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година – Март, точка 51, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

                                                С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета

       За Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков” КО Кавадарци  град , Општина Кавадарци, плански период 2020-2025

 

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 11, ДЕЛ ОД БЛОК 11.1, „МИЛЕ ВЧКОВ “, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, се наоѓа непосредно до централното градско подрачје од градот Кавадарци и го дефинираат следниве граници:

 -југозапад: осовина на сервисна улица „Страшо Пинџур“

 -северозапад: осовина на сервисна улица „Тиквешко Востание“

 -север: осовина на станбена улица „Страшо Пинџур“ и осовина на станбена улица „Браќа Хаџи Тефови“

 -исток: осовина на станбена улица „Ќиро Спанџов“

 -југоисток: осовина на станбена улица „Иљо Костов“

Површината на планскиот опфат изнесува 2,74ха

Повторната Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на За Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков” КО Кавадарци  град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Повторната Јавната анкета трае од 29.05.2022 до 08.06.2023  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

           Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  31.05.2023  година (среда) во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 – „Силекс згради“

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 – „Силекс згради“

                Врз основа на член 27 од Законот за урбанистичко планирање („Службен Весник на РСМ“ бр.32/20), и член  50, точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2022година, Глава IV- Урбанистички планови финансирани од правни и физички лица, Точка 43, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Нацрт план –  Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 – „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2021-2026.

 

Граници на планскиот опфат се :

  • на север границата на опфатот се движи по осовина на Желков дол;
  • на југо-запад планскиот опфат се движи по оската на улицата Страшо Пинџур;
  • на северо-исток границата на планскиот опфат се движи по оската на реката Луда Мара

Површината на планскиот опфат изнесува 5,64 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Нацрт планот – Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 – „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 08.06.2023 до 10.07.2023  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  21.06.2023  година во 13.30  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид по Урбанистички проект со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид по Урбанистички проект со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2023 година со Одлука број 08-7742/22 од 22.12.2022 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 25/22 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното

 СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по 

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1732, КП 1731/1, КП 1731/2, КП 1731/3, КП 1731/4, КП 1734, КП 1730, КП 1729, КП 1741, КП 1742, КП 1739, КП 1743/1, КП 1747, дел од КП 1746/1, КП 1751, дел од КП 1750/1 и дел од КП 1750/2, КО Марена, Општина Кавадарци

 

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1732, КП 1731/1, КП 1731/2, КП 1731/3, КП 1731/4, КП 1734, КП 1730, КП 1729, КП 1741, КП 1742, КП 1739, КП 1743/1, КП 1747, дел од КП 1746/1, КП 1751, дел од КП 1750/1 и дел од КП 1750/2, КО Марена, Општина Кавадарци, со технички број 25/22 од Мај 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци. Read More

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект за изградба на спортски терени

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект за изградба на спортски терени

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2023 година со Одлука број 08-7742/22 од 22.12.2022 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 25/22 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ НА ОТВОРЕНО (КАРТИНГ) СО НАМЕНА Д3.1, НА ДЕЛОВИ ОД КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 И КП1264, КО ВАТАША, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Член 1

 Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ НА ОТВОРЕНО (КАРТИНГ) СО НАМЕНА Д3.1, НА ДЕЛОВИ ОД КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 И КП1264, КО ВАТАША, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, со технички број 0801-810/22 од Мај 2023 изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.

Read More