Вести

All Blog Posts

Општина Кавадарци доби сертификат за посветеност во реализирањето на техничката поддршка од проектот на УСАИД

Општина Кавадарци доби сертификат за посветеност во реализирањето на техничката поддршка од проектот на УСАИД

На Општина Кавадарци и беше врачен сертификат за посветеност во реализирањето на техничката поддршка од проектот на УСАИД.

Истиот проект се однесува на Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и постигнатите резултати во унапредување на административните капацитети за зголемување на приходите од сопствени извори на финансирање, пристап до надворешни извори за финансирање, како и зголемување на нивотона извршување на буџетот на општината.

Решение за распределба на финансови средства по Јавен повик НВО

Решение за распределба на финансови средства по Јавен повик НВО

Градоначалникот на Општина Кавадарци донесе  

РЕШЕНИЕ за  распределба на финансиски средства по Јавниот повик за прибирање на предлог проекти по приоритетни области

Согласно Насоките за подносителите на апликации по Jавниот повик прибирање на предлог проекти по приоритетни области:
Родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните од Програмата G1.

 

Јавна Презентација и Јавна Анкета  По Урбанистички план  за село Дабниште

Јавна Презентација и Јавна Анкета По Урбанистички план  за село Дабниште

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената П Р О Г Р А М А за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2016 година, Глава III, точка 7, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Урбанистички план  за село Дабниште, КО Дабниште, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

  • Од Север: Ја сече КП 488, поминува северо источно по границите на КП 454,источно ја сече парцелата КП 459/5, продолжува по границата на КП 456 и КП 457, северно западно ја сече КП 2185, продолжува по границата на КП 503, КП 505 и КП 508, ја сече КП 513, се движи по граница на КП 1540, ја сече КП 2186, продолжува по КП 1527, ја сече КП 2187, продолжува да се движи на границата на КП 1506 и КП 1507;
  • Од Исток: се движи западно границата на КП 1507 и КП 1504, јужно источно ја сече КП 2188, продолжува по КП 1489, ја сече КП 1491 и КП 1402, продолжува по границата на КП 1449, ја сече КП 1448 и се движи по границата на КП 1447;
  • Од Југ: Се движи по југо источната границата на КП 1447, КП 1448, ја сече КП 1431, КП 1439 и КП 2190, продолжува југо западно по границите на КП 1861, КП 2179/1, КП 1467, КП 1468, КП 1469 и КП 1470, продолжува кон југо источниот дел на КП 1605, продолжува југо западно по границите на КП 1590/2, КП 1590/1, КП 1591, КП 1592, КП 1597, КП 1598, КП 1599/3, КП 1599/2, КП 1599/1, КП 1606, КП 1607, КП 1608, КП 1587 и КП 1609 ;
  •  Од Запад: Се движи по КП 2191/1, КП 1622, КП 1621, КП 1620 и КП 1619, ја сечи КП 1617, продочжува да се движи северо западно по границата на КП 433, КП 432, КП 431, КП 430 и ја сече КП 448

    Површината на планскиот опфат изнесува 14,74 ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план  за село Дабниште, КО Дабниште, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 09.05.2023 година до 15.05.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  10.05.2023  година во 10.30  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

 

СООПШТЕНИЕ  За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

СООПШТЕНИЕ За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програна за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава I, точка 16, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

       Граници на планскиот опфат се :

 

на Север границата се движи по границата на Сервисната улица СР9 „Мито Хаџи Василев Јасмин“

 – на Исток границата се движи по осовината на Новопланираната Пристапна улица бр.6 потоа се движи по Станбена улица 2а, и по осовината на Сервисната улица СР4 „Тиквешко Востание“.

на Југ границата се движи по осовината на Сервисна улица СР6 „Ресавска“

на Запад границата се движи по осовината на сервисна улица СР7 „Пионерска“

Вкупната површина на планскиот опфат, што ќе се применува при изработка на Детален урбанистички план за УЕ10, за дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” ,изнесува 9,06 ха до осовини на сообраќајници.