Вести

All Blog Posts

ИСПРАВКА на Јавен конкурс за  делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице  бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година

ИСПРАВКА на Јавен конкурс за  делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице  бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година

Врз основа на член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице бр.08-7017/19 од 25.12.2019 година, Општина Кавадарци објавува

ИСПРАВКА на

Јавен конкурс за  делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице  бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година.

 

Во јавниот конкурс за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице  бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година,  делот

Потполнетите пријави да се  достават до Општина Кавадарци во рок од 7 дена по објавувањето на јавниот конкурс во средствата за јавно информирање, во архива или по пошта на адреса :Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака  ,,Конкурс Култура 2020“  СЕ МЕНУВА И ГЛАСИ ,

Потполнетите пријави да се  достават до Општина Кавадарци во рок од 15 дена по објавувањето на јавниот конкурс во средствата за јавно информирање, во архива или по пошта на адреса :Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака  ,,Конкурс Култура 2020“ 

Во останатиот дел Јавниот оглас бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година, останува непроменет.

ДОПОЛНИТЕЛНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ДОПОЛНИТЕЛНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Општината Кавадарци започна со уредување на постојната и креирање на нова зелена површина на „Западен булевар“.

Деновиве механизацијата на општествено одговорната компанија „ЈА-МИ“ од Кавадарци работи на чистење и порамнување на теренот меѓу улицата „Западен булевар“ и оградата на спортскиот терен на ООУ „Гоце Делчев“. На овој простор се оформува нова зелена површина, каде после порамнувањето ќе се постави подземна линија за полевање и покривањето со плодна земла.

Во наредната фаза на оваа новоформирана зелена површина ќе биде посеана трева, засадени нискостеблести растенија како и дрва одрворедот на „Западен булевар“.

Исто така ќе биде извршено и хортикултурно доуредување на соседаната постојна зелена површина кај мерната станица за амбиентале воздух над училиштето „Гоце Делчев“.

Loading
ЛИЗГАЛИШТЕТО „ЈАСМИН“ ОД ДЕНЕСКА ОТВОРЕНО ЗА РЕКРЕИРАЊЕ

ЛИЗГАЛИШТЕТО „ЈАСМИН“ ОД ДЕНЕСКА ОТВОРЕНО ЗА РЕКРЕИРАЊЕ

Денеска градоначалникот Митко Јанчев присуствуваше на почетокот на работењето на лизгалиштето „Јасмин“. Општината Кавадарци годинава по втор пат, заедно со општествено одговорните компании „Црна Река“ и „Кожувчанка“ обезбедија функционирање на лизгалиштетот од вештачки мраз кое е лоцирано на тениските терени кај спортската сала „Јасмин“.

Општината преку Сојузот на спортови на Кавадарци и ЈП „Јасмин“ за учениците и рекреативците од градот и околината обезбеди простор за лизгање на мраз.

Лизгалиштето ќе работи секој ден во времето од 9:00 до 23:00 часот. Според одлуката на Советот тоа ќе функционира двонаменски, во текот на денот бесплатно за учениците во рамките на програмата за физичко воспитување, а потоа и на комерцијална основа со плаќање на влезница.

Обезбедени се лизгалки кои може да се изнајмат, а лизгалиштето ќе работи додека температурата на воздухот и временските услови се поволни за негово непречено функционирање.

Програма од 13.01.2020 – 17.01.2020 година
Програма од 20.01.2020 – 15.03.2020 година