Вести

All Blog Posts

Записник за одржано интервју и ранг листа за избор на член на надзорен одбор ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ

Записник за одржано интервју и ранг листа за избор на член на надзорен одбор ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ

Записник за одржано интервју  по Јавниот повик за пријавување на
заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор за контрола на
материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на
патници „ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци бр.01/23 
РАНГ  ЛИСТА која Комисијата за селекција, по спроведеното интервју и
извршеното бодување, за избор на член на Надзорен одбор за контрола на
материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на
патници „ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци.

СООПШТЕНИЕ  За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета  По Урбанистички план  за село Ресава

СООПШТЕНИЕ За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Урбанистички план  за село Ресава

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, глава III, точка 3, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Урбанистички план  за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

  • Најзападна е точката број 86, со координати Y=7581859,5283 и X=4583144,1991.
  • Најсеверна е точката број 37, со координати Y=7582274,22 и X=4583623,02.
  •  Најисточна е точката број 6, со координати Y=7582551,66 и X=4583210,75.
  • Најјужна е точката број 109, со координати Y=7582036,46 и X=4582759,44.

 

    Површината на планскиот опфат изнесува 34,62 ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план  за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае 24.04.2023 година до 28.04.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  26.04.2023  година во 10.30  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Известување за одржување на Интервју.

Известување за одржување на Интервју.

по Јавниот повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член
на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на
Јавно претпријатие за превоз на патници „ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“
Кавадарци бр.01/23.

Записник за Административна селекција

Записник за Административна селекција

Записник за Административна селекција
по Јавниот повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член
на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на
Јавно претпријатие за превоз на патници „ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“
Кавадарци бр.01/23.

 

СООПШТЕНИЕ

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По предлог план –  Измена и дополна на урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс „Фени Индустри“, Локација 1 – Топилница, за Блок 9, КО Шивец, Општина Кавадарци.

Граници на планскиот опфат се :

  • на север и на исток границата на опфат се движи по границата на катастарската парцела 1290/2;
  • на југ границата на опфат се движи по границата и мунува низ катастарската парцела 1290/2;
  • на запад во правец кон север границата на опфат минува низ кп 1290/2.

Површината на планскиот опфат во рамки на опишаните граници изнесува вкупно 12,39 ha, односно 123926 m².