Вести

All Blog Posts

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Спортски терени на отворено (картинг) со намена Д3.1 на делови од катастарските парцели: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263, КП1264 и КП 1265, КО Ваташа, Општина Кавадарци.

 

Стратегија за безбедност во сообраќајот со акционен план во Општина Кавадарци

Стратегија за безбедност во сообраќајот со акционен план во Општина Кавадарци

Почитувани граѓани, 

Ве известуваме дека Општина Кавадарци во соработка со Министерството со транспорт и врски започна со изработка на статички документи со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот. Во прилг  е нацрт документот Стратегија и Акционен план, како и Анкетен лист каде би можеле да доставите коментар.

 

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип

Врз основа на член 10 став 1 алинеја 1 и член 11, а во врска со член 18 став 3 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип  бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип  бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/22 од 28.02.2023  година, објавува:

Ј А В Е Н   К О Н К У Р С
за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје
-архитектонско дело од монтажен тип

 ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр 66/04,89/08,152/2015,103/21),согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип  бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен обележje – архитектонски дело од монтажен тип   бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/22 од 28.02.2023  година, на ден 15.03.2023  година   распишува ЈАВЕН КОНКУРС  за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип.За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Кавадарци  има донесено Одлука .бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година  за подигање на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип за чување, одржување, заштита и користење на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип , составен дел на спомен обележјето посветени на 12 Ваташки Младинци

Идејниот проект Спомен обележјето – архитектонско дело од монтажен тип

треба да содржи:

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци

Врз основа на член 10 став 1 алинеја 1 и член 11, а во врска со член 18 став 3 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04,89/08,152/2015, 103/21), согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје на  12 бисти посветени на Ваташките Младинци  бр. 08-1313/21 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен – обележje на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци  бр. 08-1313/21 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/21 од 28.02.2023година, објавува:

Ј А В Е Н   К О Н К У Р С
за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на
12 бисти посветени на Ваташките Младинци

ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15 103/21),согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје на  12 бисти посветени на Ваташките Младинци  бр. 08-1313/21 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен – обележje на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци  бр. 08-1313/21 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/21 од 28.02.2023  година, на ден 10.03.2023  година   распишува ЈАВЕН КОНКУРС  за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци. За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Кавадарци  има донесено Одлука .бр. 08-1313/21 од 28.02.2023  година  за подигање на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци :

  1. Перо Видов
  2. Данко Давков
  3. Илија Димов
  4. Ристо Ѓондев
  5. Герасим Матаков
  6. Пане Мешков
  7. Пане Џунов
  8. Ванчо Гурев
  9. Блаже Ицев
  10. Диме Чекоров
  11. Ферчо Поп Ѓорѓиев
  12. Васил Хаџи Јорданов

 Спомен обележјето ќе се подигне на место викано „Катуниште„на Кп бр 2426/1  КО Ваташа .

Идејниот проект треба да содржи:

  1. ЕднаМакета со висина од 30-40cm изработена од полимер бетон на еден од Ваташките Другари по избор.

2, Ситуационо решение со прикажан распоред на спомениците на 12-те Ваташки другари во близина на постојниот споменик.

  1. техничка документација (основа, изгледи, пресеци,аксонометрија)

4, предмер пресметка со детален опис на материјали и начин на изработка на спомениците

 

Критериуми што ќе се применуваат за избор:

– реалистичен одраз на бараните личности -сличност со ликовите

-високо ниво на впечатливост и оригиналност на ликовниот израз

– конкретна примена на понуденото идејно решение

Вкупната сума за реализација на овој проект е 2.000.000 денари со вклучен надомест за награди.

Право на Учество имаат домашни и странски физички и правни лица

На конкурсот не може да учествуваат лица од одборот и од нивното потесно семејство поради судир на интереси.

Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра

Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд

Учесниците на конкурсот со самото поднесување на идејното решение ,прифаќаат дека дале согласност за откривање на идентитетот по извршениот избор.

Краен рок за предавање на идејните проекти е 30 дена од денот на објавување на јавниот конкурс .

 

НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра.

Учесниците на конкурсот до  Архивата на Општина Кавадарци , треба да поднесат Пријава со прилог Идеен Прокет најдоцна 30 дена од денот на објавувањето на конкусот  во затворен плик.

Во затворениот плик треба да стои мал затворен плик во кој ќе биде напишана повторно истата шифра како на пријавата и податоци за подносителот на пријавата.

Пријавите со Прокетот треба да се достават во писмена форма, на следната адреса:

Општина Кавадарци , Плоштад Маршал Тито бб , 1430 Кавадарци ,

со назнака: “Не отварај” За Јавниот КОНКУРС за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје на 12 бисти на Ваташките младинци .

Прилог кон Јавниот конкурс: – Биографии со фотографии, кои можат да се подигнат од лицето за контакт ( лично и по емаил)

Огласот ќе биде објавен во дневниот печат и на ВЕБ страната на Општина Кавадарци.

Награди

Од пристигнатите трудови што ќе ги исполнат конкурсните услови и програмските барања, се предвидува да бидат доделени 3 (три) награди и тоа: прва награда во износ од 20.000 денари, втората 10.000 денари и трета награда 8.000 денари.

Доделените награди ќе им бидат исплатени на наградените најдоцна до 30 дена по објавувањето на резултатите од конкурсот. Со исплатата на наградите на авторите на конкурсните трудови, Општина Кавадарци ги откупува авторските   права да ги користи целосно , и да врши измени во идејното решение.

Одборот нема да ги разгледува проектите што ќе пристигнат по предвидениот рок, или не се изработени според критериумите на конкурсот.

Макетите кои нема да бидат избрани на конкурсот ќе бидат вратени на апликантите.

Идејниот проект треба да биде погоден за излагање и изведба.

Идејните проекти ќе бидат јавно изложени.

Одборот со мнозинство гласови го избира идејниот проект за спомен – обележјето што ќе се подигне.

Тел за контакт   075-288-427       Весела Честоева                                                          

Членови на Одбор:

  1. Јован Златевски
  2. Круме Богевски
  3. Гордана Белевска-Мустафа
  4. Горан Боев
  5. Натка Китева

6.Валентина Бањанска

  1. Диме Коцевски
  2. Мики Камчевски

 

Кавадарци                                                                                   Претседател на Одбор

Март 2023                                                                                            Весела Честоева

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Согласно член 67 став 1 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на Република Македонија”бр.5/2002), а во врска со член 80, член 80-а од Законот за градење (”Службен весник на Република Македонија” бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и ”Службен весник на Република Северна Македонија” бр.244/19, 18/20 и 279/20, 227/22), како и Одлуката за изменување и дополнување на одлуката утврдување на висината на комуналните такси во Општина Кавадарци со арх.бр.08-888/10 од 17.02.2021 година, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик да достават директно преку архива на општината или преку пошта со препорачана поштенска пратка барања за поставување на урбана опрема во место викано „12-те Ваташки другари”, општина Кавадарци на следните 4 локации:

Локација бр.1

Описни податоци: На локација бр.1 постои урбана опрема од фиксирани масички (9 броја) и фиксирани столчиња (36 броја броја).

Исто така, во склоп со оваа површина постои шанк со две помошни простории изградени од тврд материјал, санитарни јазли кои што се заеднички за сите предвидени корисници, подиум, ограден подиум со пристапна рампа и посебна настрешница од челик во шестоаголна форма. Вкупната површина од локацијата број 1 изнесува:

  • Подиум – 46,60м2
  • Долно ниво – 107,00м2
  • Горно ниво – 122,64м2, заедно со шанк

            Вкупно: 276,20м2.

 Локација бр.2

Описни податоци: Локацијата бр.2 е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски, со површина од 159м2.

 Локација бр.3

Описни податоци: Оваа локацијата е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски, со површина од 153,6м2.

Локација бр.4

Описни податоци: Оваа Локацијата делумно е покриена со метална конструкција (настрешница) » 102м2 и останатиот дел е непокриен » 138м2 или вкупно 240м2. Постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски.

Јавниот повик ќе се објави на веб страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk.

Надоместокот за користење на просторот изнесува 5 денари/1м2.

На корисниците на просторот Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе им издаде соодветен управен акт одобрение за поставување на урбана опрема согласно одредбите од Законот за градење во кој ќе бидат дефинирани сите услови под кои треба да се постави истата.

 Напомена:

Барателите имаат обврска за времетраењето на користењето на просторот, истиот привремено да го отстапат на користење на јавните општински претпријатија и установи доколку се јави неопходна потреба за негова употреба од истите во случај на организирање на јавни манифестации или други приредби и собири со научна, уметничка, културна или спортска содржина.

 

Прилог: Графички дел од локациите