Вести

All Blog Posts

Решение за одобрување на планска програма

Решение за одобрување на планска програма

РЕШЕНИЕ СЕ ОДОБРУВА планска програма за изработка на Детален урбанистички план за УЕ 9, дел од Блок 9.3, „Градба промет“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци
со арх. бр.07-24/1 од 27.01.2023 година, изработена од ДГТП ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп. Составен дел на ова Решение е планска програма за изработка на детален урбанистички план за УЕ 9, дел од Блок 9.3, „Градба промет“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци со арх. бр. 07-24/1 од 27.01.2023 година, изработена од ДГТП ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп.

ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА

ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА

ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА
за 
изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на 20/10Kv електричен кабелски подземен вод со намена Е1.8- Инфраструктури за пренос на електрчна енергија за поврзување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија на Љубаш 1, Љубаш 2 и Љубаш 3, до постоечка трафостаница на КП 10862/1, КО Кавадарци, Општина Кавадарци.

 

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по урбанистички проект

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по урбанистички проект

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект за инфраструктура (во и вон опфат на урбанистички план) – доводен цевководен систем, од каптажи кај м.в. Прашник до фабрика за вода „Кожувчанка“ во с.Мрежичко, КО Мрежичко и КО Рожден, Општина Кавадарци.

 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  Урбанистички проект за инфраструктура (во и вон опфат на урбанистички план) – доводен цевководен систем, од каптажи кај м.в. Прашник до фабрика за вода „Кожувчанка“ во с.Мрежичко, КО Мрежичко и КО Рожден, Општина Кавадарци со технички број 144/22 од Февруари 2023 изработен од Друштво за градежништво трговија и проектирање на Петар Иваноски ПЕРКАН ПРОЕКТ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп.

СООПШТЕНИЕ За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација

СООПШТЕНИЕ За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2022 година, Глава IV, Точка 9, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација

и ПОВТОРНА Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за дел од УБ 10КСТАРО АНГРО“, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

-на север: осовина на СТ 1-станбена улица ул.„II БРИГАДА“

-на исток: осовина на СТ 2-станбена улица ул.„НАРОДНА МЛАДИНА“

 -на југ: осовина на СР 5-сервисна улица „ЉУБАШКА“,

 -на запад: осовина на пристапна улица ПР 1 и пешачка патека ПП 1.

Површината на планскиот опфат изнесува 0,66 ха.

 

ПОВТОРНАТА Јавна Презентација и ПОВТОРНАТА Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  за дел од УБ 10КСТАРО АНГРО“, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                ПОВТОРНАТА Јавна анкета трае од 16.03.2023 до 22.03.2023  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

ПОВТОРНАТА Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  17.03.2023  година (Петокво 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 702, КП 703, КП 704, дел од КП 705, дел од КП 706, КП 707, КП 708 и дел од КП 709, КО Глишиќ, Општина Кавадарци.