Вести

All Blog Posts

ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

Традиционално закројување на винова лоза во знак на денешното празнување и прошетка по изложбените штандови со вино и производи од вино, на Градски плоштад Кавадарци! Како, ако не со она што не одржува низ вековите, македонско оро, во изведба на нашите културни амбасадори Фолклорниот ансамбл Тиквеш!

Уште еднаш ви го честитаме празникот Свети Трифун.

Наздравје и за многу години!

С О О П Ш Т Е Н И Е  За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и ПОВТОРНА Јавна Анкета

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и ПОВТОРНА Јавна Анкета

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и ПОВТОРНА Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6,  дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1 ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

   Граници на планскиот опфат се :

– на север-улица Пано Мударов и Цано Поп Ристов (согласно ДУП за УЕ 12К – дел)

– на исток улица Зелен Пазар до пресек со ул 7-ми Септември, продолжува на југ со Браќа Џунови (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

– на југ улица Браќа Хаџи Тефови и улица Миле Вчков па свртува кон север по ул.Тиквешко востание (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

– На запад улица Фердо Росомански, па улица Климент Охридски и излегува на улица Мито Хаџи Василев Јасмин па до пресек со улица Јадранска и на крај спој со улица Пано Мадуров (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

Површината на планскиот опфат изнесува 9,79 ха.

ПОВТОРНА Јавна Презентација и ПОВТОРНА јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6,  дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1 ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                ПОВТОРНА Јавната анкета трае од 16.02.2023 до 27.02.2023  годинасекој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

           ПОВТОРНА  Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  20.02.2023  година (Понеделникво 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПАРТНЕРСТВОТО НА ОПШТИНАТА СО ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ

РЕЗУЛТАТИ ОД ПАРТНЕРСТВОТО НА ОПШТИНАТА СО ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување
на ресурсите (2021-2026) им помага на единиците на локалните
самоуправи да ги зголемат приходите од сопствени извори, да
обезбедат поголемо надворешно финансирање, да ја зголемат стапката
на реализација на буџетот и да го унапредат извршувањето на
децентрализираните надлежности.
Кавадарци беше една од општините од првата група на 15-те партнер
општини кои соработуваа со Проектот од мај 2021 година до декември
2022 година.

ЈАВЕН ПОВИК за аплицирање на кандидати за волонтирање  во Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци

Врз основа на Програма бр. 08-7742/39 од 22.12.2022 година за волонтери во Општина Кавадарци за 2023 година, Општина Кавадарци –Локална Самоуправа објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За аплицирање на кандидати за волонтирање

во Општина Кавадарци

 

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за извршување на активности според проектот ‘’За чисто и убаво Кавадарци”.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на  волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град  и  тоа:

  • оплеменување на зеленилото низ градот,
  • засадување на нови садници,
  • подигање на нови зелени површини низ градот,
  • средување на јавните зелени површини низ градот,
  • кастрење на вегетацијата,
  • и одржување на селските патишта и фудбалски игралишта ,
  • како и чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се: просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации
  • и други тековни непредвидени волонтерски активности.

 

Времетраењето на волонтерската работа е од 06.02.2023 година до 31.12.2023 година кое  ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. Весник на РМ„ бр. 85/2007, 161/2008, 147/2015 и „Сл. Весник на РСМ„ бр.124/2019 и 103/2021) најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.

Заинтересираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса:Општина Кавадарци , ул. Плоштад Маршал Тито бб  со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“ во Општина Кавадарци  или дирекно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20.

Рок за пријавување: јавниот повик е од отворен карактер.

 Пријавените кандидати  ќе бидат повикани да склучат  договор за волонтирање  и да започнат со вршење на волонтерската работа.

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2023 за финансиска поддршка за спортски клубови и здруженија

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2023 за финансиска поддршка за спортски клубови и здруженија

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр. 08 – 7333/50 од 24.12.2021 година и бр. 08-347/2 од 27.01.2022 година и бр. 08-365/35 од 25.01.2023 година  (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр. 5/21,  6/22 и 26/23) ,

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува 

ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2023

 

 За прибирање на апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Oпштина Кавадарци

  

Се повикуваат спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на пордачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.