Вести

All Blog Posts

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала

                Врз основа на член 50 став 16 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/2002 од 29.01.2002 година), член 113 став 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ), Програмата за Локален економски развој на Општина Кавадарци за 2023 година бр.08-7742/27 од 22.12.2022 година (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физички лица за купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година  бр.08-7742/28 од 22.12.2022 година (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), и член 4 став 1 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за 2023 година бр.08-7742/29 од 22.12.2022 година  (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22),

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК

за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година

 

  1. Опис на јавниот повик

            Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата, и не влијаат врз климатските промени, Општина Кавадарци доделува поединечна субвенција на физички лица кои ќе купат и инсталираат фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија од 4kW до 6kW, на објект во индивидуална сопственост, со право на сопственост или користење, за 2023 година.

                 На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, во висина до  30% од инвестицијата, но не повеќе од 90.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход.

                  Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

                Јавниот повик ќе трае до целосно исцрпување на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци определени за таа намена.

                Read More

Годишен план за Јавни набавки за 2023 година

Годишен план за Јавни набавки за 2023
Годишен план за Јавни набавки за 2023 – Прва измена
Годишен план за Јавни набавки за 2023 – Втора иззмена
Јавен конкурс за делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации

Јавен конкурс за делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации

Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година бр.08-7742/33 од 22.12.2022 година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице бр.08-7742/34 од 22.12.2022 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 

ЈАВЕН КОНКУРС

 За делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице

 

Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година и тоа:

1.Културно стопанска манифестација

                 „Св.Трифун“ , 14 Февруари

2.Културно лето„ Го сакам Кавадарци

                  Јули-Август

3.Културна манифестација „Тиквешки Гроздобер 2023“ Септември

4.Нова Година   „Божиќен пазар“ Декември

 Обврска на правното лице е во целост да ги организира, реализира и менаџира културните манифестации.

Висината на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци за делегирање на надлежноста е содржана во Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година .

Кон пријавата правното лице треба да приложи :

1.Решение за упис во Централен Регистар;

                2.Полн назив и адреса на субјектите кои ќе се вклучат во текот на реализирањето на активностите од делегираната надлежност;

                3.Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на на делегираните надлежности – програма за начин и постапка за вршење на делегираната надлежност;

                4.Финансиска структура на активностите;

                5.Податоци од лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура  и професионално искуство;

                6.Име презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.

            Read More

Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци 

Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци 

ЈАВЕН ПОВИК за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2021-2026.

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Кавадарци организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Граници на планскиот опфат се :

–        од североисточната страна границата на опфат се движи по оската на ул.„Народен фронт”,

–        од југоисточната страна границата на опфатот се движи по оската на ул. „Задругарска”

–        На југозападната страна границата на планскиот опфат се движи по оската на ул. „Коле Подлешки”.

Опфатот е со површина  од  0,58 ха.

Јавната анкета

Јавната анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, со тех. бр. 3580 од  Октомври, 2022 година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Кавадарци како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на службената веб страна на општината.

Јавната анкета ќе трае 30  (триесет) денови и тоа од  01.02.2023 година  до 02.03.2023 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.02.2023 година (Среда)  во  13:00 часот во просториите на општина Кавадарци.