Вести

All Blog Posts

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАРИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТЧИСКИ ДЕЈНОСТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАРИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТЧИСКИ ДЕЈНОСТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ

Општина Кавадарци има намера да ги субвенционира старите занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територијата на Општина Кавадарци.

За таа намена, се охрабруваат сите занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и кои обавуваат занаетчиски дејности во изумирање (јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија) да поднесат пријава за изразување на интерес за добивање на финансиска поддршка на следната електронска пошта: vkiteva@kavadarci.gov.mk

ЈАВЕН ОГЛАС  За вработување на  работници  на неопределено работно време во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци

ЈАВЕН ОГЛАС За вработување на  работници  на неопределено работно време во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци

Ј А В Е Н  О Г Л А С

За вработување на  работници  на неопределено работно време во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци (2 извршители) 

 Општина Кавадарци објавува јавен оглас за вработување на овластени службени лица 2 (двајца) извршители и тоа:

  1. Пожарникар спасител со шифра ПОЖ 02 10 В04 000 во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци……………. 2 (двајца ) извршители.

                Кандидатите  треба да ги исполнуваат следните општи услови :

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има здравствено и психофизички способности, утврдено од овластена здравствена установа;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Збратимување со Општина Буча Украина

Збратимување со Општина Буча Украина

Градоначалникот Митко Јанчев денеска ја прими делегацијата на Украина предводена од амбасадорката на Украина во Македонија Н.Е Лариса ДИР, која беше во официјална посета на Општина Кавадарци. Меѓу присутните беа заменик градоначалникот на Општина Буча г-дин Шепетко Серхи, секретарот за јавна дипломатија од Украинската амбасада Владимир Вербицки, раководителот на оддел за култура, националности и религии на Градскиот Совет на Буча г-дин Виталии Томниук и Претседателот на Здружението на украинци во Македонија Александар Урбанович.

Во рамките на посетата, Општина Кавадарци потпиша официјален Договор за збратимување со Општина Буча, Украина.  

Средбата покрај ова беше искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината, како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти, помеѓу градоначалниците на двете општини.

 
Повик за учество: Училиште за младинско вработување

Повик за учество: Училиште за младинско вработување

Општина Кавадарци во соработка со Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) учествува во имплементација на проектот “Училиште за младинско вработување”.

Повикот за учество на млади е отворен, пријавувањето е во тек и истиот можете да го најдете на следниов линк:

https://lead.org.mk/calls/povik-za-u-ch-esni-cz-i-uchilishte-za-mladinsko-vrabotuvanje