Вести

All Blog Posts

Амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир во посета на Општина Кавадарци

Амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир во посета на Општина Кавадарци

Денеска во посета на Општина Кавадарци е амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир. Покрај средбата со градоначалникот Митко Јанчев, амбасадорот ќе оствари средба и со Советот на Општина Кавадарци, невладини организации и граѓани на Општина Кавадарци.

На средбата се разговараше за пристапувањето на Македонија кон Европската унија, отварање на поглавјата што значи тоа за нашата држава, достапни фондови за развој на Општина Кавадарци, развој на невладиниот сектор и за проектите кои се имплементирани во нашата Oпштина, а поддржани од страна на Европската унија во Скопје.

Амбасадорот на Република Франција во Македонија во посета на Општина Кавадарци

Амбасадорот на Република Франција во Македонија во посета на Општина Кавадарци

Денеска Општина Кавадарци ја посети амбасадорот на Република Франција во Македонија, г-дин Сирил Бомгартнер. На средбата со градоначалникот Митко Јанчев се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за процесот на пристапување и приближување на Македонија кон Европската Унија.

По средбата амбасадорот и градоначалникот ќе ги посетат С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов” и О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов” Кавадарци, за амбасадорот да се запознае со праксата на изучување на францускиот јазик како и да се разгледа можноста за формирање на француски паралелки во основното и средно образование.

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ период 2022-2026

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ период 2022-2026

Објава на нацрт верзија на план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Кавадарци период 2022-2026 година. Вашите забелешки и предлози за планот да ги доставите во општина Кавадарци во соба број 2 на вториот кат во општината. Јавната расправа и презентација на планот ќе се одржи во просториите на општина Кавадарци. Времето на оддржување на презентацијата дополнително ќе биде објавено.

со Почит 
Градоначалник
д-р Митко Јанчев.

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на  овластено службено лице  во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на овластено службено лице во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

Врз основа на  член 11-к од Закон за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година и бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година и Правилник за критериуми за селекција на кандидати за унапредување во Територијална противпожарна единица во општина Кавадарци бр.04-321/3 од 14.12.2020 година, 

Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С

За унапредување на  овластено службено лице  во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на овластено службено лице  1 (еден) извршител:

 

  1. Командир на Одделение со шифра ПОЖ 02 10 Б04 000 во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци …………….1 извршител;

 

  Посебни услови предвидени за работното место  утврдени со актот за систематизација се:

  • за нивото Б4, ниво на квалификациите IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;

  – најмалку 3 години работно искуство во струката евидентирано во Агенција за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж

   -Да има положено возачки испит од “Ц” категорија

   -сертификат за пожарникар.

Градоначалникот Митко Јанчев додели благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022

Градоначалникот Митко Јанчев додели благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022

Од страна на градоначалникот Митко Јанчев беа доделени благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022. Во оваа прилика градоначалникот меѓу другото истакна дека ова немаше да биде можно без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им благодари. Тука, прво се мисли на сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, на медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа, и секако, најголема благодарност на кавадарчани, кои како и секогаш се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници, и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, кои изминатиот викенд го поминаа во Кавадарци.

За градоначалникот најважно беше тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде и што верува дека изминатиот викенд сите ќе го помнат по добро.

Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни и музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде, и секако од државниот врв. Имавме успешен Тиквешки Гроздобер рече градоначалникот. И затоа во знак на почит и благодарност, на сите кои имаа било каков придонес во испишувањето на оваа приказна под отворено небо денеска им беа врачени благодарници!

Секое добро до следниот Тиквешки гроздобер. Нека ни е за многу години!