Вести

All Blog Posts

Потпишан колективен договор помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општината

Потпишан колективен договор помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општината

Во просториите на Општина Кавадарци се потпиша колективен договор помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општината со кој ќе се унапредат правата на вработените.

На истиот беа присутни градоначалникот Митко Јанчев, претседателот и секретарот на Синдикатот на УПОЗ. Беше избран претседател, заменик претседател и членови на извршен одбор, со цел координација и заедничка соработка за остварување поголеми права на вработените.

Преку овој договор вработените во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено отсуство итн.

За првпат вработените во Општина Кавадарци потпишуваат колективен договор со кој се уредуваат нивните права, обврски и одговорности со врска со работниот однос.

 

10 ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО КАВАДАРЦИ СТРУЈА ДОБИВААТ ОД СОНЦЕТО

10 ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО КАВАДАРЦИ СТРУЈА ДОБИВААТ ОД СОНЦЕТО

Општина Кавадарци целосно ја заврши првата фаза од проектот за инсталација на фото-напонски панели на десет јавни институции.

Градоначалникот Митко Јанчев на денешната прес конференција истакна дека се работи за доста значаен проект, инвестиција ќе биде вратена за една година, а јавните установи ќе добиваат електрична енергија од сонцето и ќе имаат заштеди, бидејќи струја набавуваат на слободен пазар и истата е со доста високи цени.

Панели за производство на струја од обновливи извори на енергија ќе се поставуваат и на други општински институции.

Именуван нов директор на Центарот за развој на Вардарски Планскиот регион

Именуван нов директор на Центарот за развој на Вардарски Планскиот регион

Денеска во просториите на Општина Кавадарци се одржа редовна седница на Советот на Вардарски Плански регион, на која беше именуван нов директор на Центарот за развој на Вардарски Планскиот регион. Присуствуваа градоначалниците на сите Општини и досегашната в.д директорка Татјана Темелковска. Едногласно за директор на Центарот за развој на Вардарско Планскиот регион со мандат од четири години, беше избран досегашниот раководител на секторот за Локален економски развој во Општина Кавадарци Сашо Мошев, на кој му посакуваме успешна и плодна работа.

 

Интерен оглас бр. 02/2022

Интерен оглас бр. 02/2022

Интерен оглас бро 02/2022 за унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци.

1.УПР 01 01 В01 000 Советник за располагање со градежно земјиште, Одделение за располагање со градежно земјиште, Сектор за уредување и располагање со градежно земјиште ….. 1 (еден) извршител.