Вести

All Blog Posts

Кавадарци погодено од силно невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења

Кавадарци погодено од силно невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења

Изминатиот викенд Кавадарци го погоди невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.До повикувачкиот центар во Општината беа поднесени околу 50-тина пријави од граѓаните за поплавени подрумски простории, санирање на одводи и наноси од кал. Интензивно на терен беа екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” За половина час наврнале 40литри/м2. Невремето направи голема штета, па затоа акцијата на службите траеше деноноќно на повеќе локации низ градот додека не се интервенираше таму каде што е потребно. А овие два дена од утринските часови започна генералното чистење и средување на градот со гребење,чистење решетки и сливници, метење и перење каде активни беа три цистерни на ЈП Комуналец, една цистерна на ТППЕ Кавадарци, служби од Водовод,Зеленило и од Механизација мал скип и товарни возила. Градоначалникот Митко Јанчев деновиве ќе формира Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

Реконструкција на ул. Зелен Пазар

Реконструкција на ул. Зелен Пазар

Реконструкција на ул. Зелен Пазар на потег од тунелчето и од спој со ул. ,,Цано Поп Ристов’’. Преходно извадени гранитни коцки и комплетна реконструкција на фекална канализација по цела должина на улицата од страна на ЈП Комуналец, каде што се поставија нови ивичњаци а потоа и асфалтирање на површина од 750 м2. Целосна инвестиција на Општина Кавадарци од 1.400.000 денари.

 

Известување до жителите на улицата Блажо Алексов

Известување до жителите на улицата Блажо Алексов

Се известуваат жителите на улицата Блажо Алексов, утре 15.08.2022 да ги отстранат возилата од улицата најкасно до 6 30 часот наутро.

Улицата ќе биде затворена за сообраќај и ќе биде пристапено кон перење и чистење на истата и средување од настанатите наноси од невремето.

На сите кои нема да пристапат по известувањето, возилата ќе им бидат дислоцирани со пајак службата.

Известување за отпочнување на проектот Реконструкција на локалните улици

Известување за отпочнување на проектот Реконструкција на локалните улици

За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта кој е финансиран со средства од Светска Банка, општина Кавадарци има аплицирано со под-прокет за Реконструкција на локалните улици „Вељко Влаховиќ“, „Слога“, „Димката Ангелов – Габерот“ и „Максим Горки“. Сакаме да ги известиме граѓаните на општина Кавадарци за отпочнување на планираните градежни активности.  

За таа цел ги приложуваме следните документи со цел граѓаните на територија на Општина Кавадарци да бидат во тек со реализација на проектот

Јавен повик за вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктурата

Јавен повик за вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктурата

Се повикуваат сите невработени заинтересирани лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Кавадарци според Јавниот повик на Агенцијата за вработвање на Република Северна Македонија.